Колку е иронично што Заев учествува на промоција на проект на ВМРО-ДПМНЕ, кој дури беше во опозиција остро го критикуваше.
Наместо нови фабрики инвеститорите поради лошото менаџирање на власта на Заев ја напуштаат Македонија. Наместо нови капитални инвестиции, во изминатиот период четири фабрики ја напуштија Македонија. Владата на Заев за помалку од еден месец раскина неколку договори со странски компании кои требаше да инвестираат во Македонија.
Премиерот Заев присуствуваше на отворањето на вториот производствен капацитет на Фабриката ЛЕАР во Технолошката индустриска зона – Тетово.
Да ја потсетиме јавноста дека Технолошката развојна зона во Тетово е проект на ВМРО – ДПМНЕ. Фабриката ЛЕАР беше прв пат донесена од страна на економскиот тим предводен од ВМРО – ДПМНЕ. Но да ја потсетиме јавноста дека тогашната опозиција предводена од СДСМ жестоко ги критикуваше овие инвестиции. Заев и опозицијата велеа дека ваквите инвестиции се криминални.
Зоран Заев присуствуваше на отворање на нова фабрика донесена од ВМРО –ДПМНЕ. Секако новите фабрики од страна на странските инвеститори ги поздравуваме. Но што бара таму Зоран Заев кој ја убедуваше јавноста дека овие инвеститори само ја искористуваат евтината работна сила во Македонија?
Почитувани, во првиот квартал извозот забележа солиден раст токму благодарение на Инвестициите во новите странски капацитети кои ВМРО-ДПМНЕ ги донесе во Република Македонија.
Џонсон Мети во Скопје, Дрекслер Маер во Кавадарци, Гентерм во Прилеп, Амфенол во Кочани, Костал во Охрид, Кромберт и Шуберт во Битола, Johnos Safety во Кичево, Адиентсеатинг во Струмица и Штип. Се фабриките со кои ВМРО Се гордее, а СДСМ велеше дека се лоши за македонската економија.
Овие фабрики учествуваат со над 60% во македонскиот извоз и вработуваат илјадници луѓе. Ова е економскиот модел на ВМРО-ДПМНЕ кој невработеноста ја спушти од 38% на под 17%.
Ангел Карапетров
|