Недела, 09 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Македонија ќе го има својот четврт Илинден

1Mickoski

Мора да ги вратиме принципите и стандардите. Мора да има промена зошто Заев брутално паѓа, а сака со него да не повлече сите нас. Е нема тоа да го дозволиме. Нема повеќе паѓање. Народот не смее да биде повеќе жртва на мафијата, мора да се ослободи бизнисот, криминалците да одговараат, а на луѓето да им се даде надеж и визија. Ќе се борам  крвнички за секој еден од вас и заедно ќе градиме се што овие уништија. Македонија ќе го има својот четврт Илинден и ќе биде просперитетна држава, а ќе ја вратиме надежта дека може подобро.

183689446 1861774103998040 6217751035222088339 n

Ќе удри зората и за нашата земја. А ВМРО- ДПМНЕ ќе го има се почесто на улиците, селата и градовите, помеѓу својот народ. Македонската пролет се раѓа, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот настан во Могила на непобедените во Прилеп по повод Денот на победа  над фашизмот.

Според Мицкоски, ова се одлучувачки мигови за нашата земја кога се одлучува дали  да загазиме подлабоко во мочуриштето или ќе направиме исчекор за оставање на калта позади нас.

„Мора да се стави забрана за  занимавање со политика на политичари за кои било докажано дека погрешиле со криминал, или се амнестирани поради криминал. Мора да се бориме силно против корумпирањето на секоја слободна педа. Да се испита секое несразмерно богатење на грбот на народот. Мора да се забрза европскиот пат преку разумна политика која ќе носи резултати, да му се објасни на народот однапред што можеме, до каде ќе одиме и што ќе направиме. Мора да се врати достоинството на човекот во здравството, да биде главна борба каква нова машина, каков нов апарат  ќе набавиме, а не дали ќе има дезифициенци за пациентите и докторите“, рече Мицкоски.

Тој заклучи дека мора да се реорганизира државата на домаќински принципи.

„Доста беше живеење на бизнисот во стеги закани. Доста беше родители кои треперат за своите деца поради експериментите на власта во образованието. Доста е за оваа власт, таа е завршена работа, изброени се деновите“, кажа Мицкоски.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.