|
||||
Наќе Чулев : Денес се одбележуваа шест години од Диво Насеље |
Наќе Чулев
Денес се одбележуваа шест години од еден од најтрагичните настани од поновата историја на Македонија, кога во вооружена престрелка кај кумановско Диво Насеље животот го загубија 8 припадници на македонската полиција.
Јас лично, никогаш нема да имам онолку зборови колку што овие херои заслужуваат почит. Тие и сите други кои животот го загубија за својата држава засекогаш ќе бидат светол пример за пожртвуваност, патриотизам и вистинска љубов кон својата земја.
Наша обврска и најмалку што можеме да направиме е го почитуваме нивното дело, да ги споменуваме и вечно да се потсетуваме на нивните херојски дела.
Почивајте во мир. Вечна Ви слава јунаци!
|