|
||||
Боби Темелков : СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ВО ТАТКОВИНАТА |
Нов семакедонски протест на 29 мај 2021во Скопје.
Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 11 часот. Маршот од пред Владата тргнува во 12 часот, а оттаму ќе се движи по булевар “Даме Груев“, Булевар “Димитрие Чуповски“, Булевар “11 Октомври“, до Собранието на Македонија во 13 часот.
Поради не исполнувања на нашите барања од семакедонскиот протест на 25ти Април кој беше организиран по повод годишнината од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија, единствени и обединети, на 29 Мај 2021 година (сабота) во Скопје по втор пат ќе организираат Семакедонски мирен протест под слоганот “ПРАВДА ЗА УСТВОБРАНИТЕЛИТЕ-СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА! “.
Нашите барања за обновување на постапката со нови клучни докази и сведоци мора да биде прифатена, или ќе падне одлука за обновена постапка за политичките прогонувани патриоти, или ќе падне владата, протестите во една или друга форма ќе продолжат се до конечно остварување на целта .
Организатори : Македонците во светот и Татковината
|