|
||||
Милошоски до Заев : Дали Вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер |
Антонио МилошоскиБидејќи во јавноста има голем интерес околу сигурноста на системот за издавање на биометриски патни исправи и кој од повисоките владини структури можел да биде во тек со издавањето на 214 пасоши на нарко-босови со украден идентитет во случајот "Мафија", до премиерот Заев поставив едноставно пратеничко прашање:Дали Вие лично се имате сретнато со турскиот државјанин Седат Пекер, по кого Турција и Интерпол трагаат со меѓународна потерница? И да појаснам, не е од примарен интерес дали евентуалната средба Заев-Пекер била службена, неформална, во приватен дом, во работен ден или за викенд.
|