Среда, 12 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
ЈАВЕН АПЕЛ ЗА МАСОВЕН СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА 29 МАЈ!

184533077

Почитувани браќа и сестри Македонци по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината...

ПРАВДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ и СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА е можна само со рушење на марионетската влада на Зоран Заев! Како што војна не се добива со една битка, ниту влада се руши со еден протест! Ако не’ нема, како и да сме без мака... А, проблеми има премногу, натежнале кај сите и насекаде... Лагите на власта не можат да ги скријат сиромаштијата и емиграцијата - белата чума на 21 век... Мораме да бидеме упорни, трпеливи, единствени и што помасовно на улица!

185176936 10223801563321762 2353878478789903025 n

Затоа, на 29 мај 2021 година ПРОТЕСТИРАЈТЕ!

Протестирајте против промената на името на државата Македонија!

Протестирајте против промената на идентитетот на Македонскиот народ!

Протестирајте против Договорот Заев-Борисов и Договорот Димитров-Коѕиас ништовни според меѓународното право!

Протестирајте против суспензија на референдумот од 8 септемвеи 1991 година!

Протестирајте против суспензија на референдумот од 30 септември 2018 година!

Протестирајте против ревизијата на македонската историја по барање на Софија и Атина!

Протестирајте против антимакедонизмот во сите сфери на општеството и државата!

Протестирајте против велепредавството од Владата на нацијата и државата и обидот Македонија од држава да се претвори во територија без народ и историја чии администратори би биле Софија и Атина!

Протестирајте против Законот за употребата на јазиците и јазичната федерализација на државата на штета на Македонскиот народ и етничките заедници во Македонија!

Протестирајте против методологијата на пописот на населението!

Протестирајте против стигматизацијата на семејството и замената на мајката и таткото со родител 1 и родител 2!

Протестирајте против нестандардните измени на условите за прием на македонско државјанство!

Протестирајте против продажбата на македонските национални интереси!

Протестирајте против дигиталните учебници!

Протестирајте против уникување на предметот по историја во основното и средното образование и катедрата за историја и Македонски јазик на факултетите!

Протестирајте против неоткупената реколта на тутун, грозје, јаболка, праски и зеленчук!

Протестирајте против неразумната продажба на земјиштето!

Протестирајте против нарко-картелите, против дрогата која ги убива младите!

Протестирајте против цензурата на социјалните мрежи и во медиумите!

Протестирајте за работничките права, за колективните права на работниците!

Протестирајте за минимална гарантирана плата и сатница достојни за пристоен живот!

Протестирајте за правата на вработените во Армијата и Полицијата!

Протестирајте за лицата со посебни потреби, за старите и немоќните, за децата без родители без соодветна грижа од државата!

Протестирајте за квалитетно образование, здравство, спорт!

Протестирајте за правда, за права и слободи, за демократија!

Протестирајте за правдено судство и независно јавно обвинителство!

Протестирајте за ослободување на сите УСТАВОБРАНИТЕЛИ од настаните во Собранието на 27 април 2017 година, бидејќи ПАТРИОТИТЕ НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ И УБИЈЦИ ТУКУ РОДОЉУБИ !

Има 1000 причини да протестираме на улица, но ниту една да останеме дома и да бидеме неми набљудувачи додека марионетската Влада на Зоран Заев ја уништува државата Македонија, а Македонците по род и државјанство се иселуваат од својата татковина во светот поради дивеењето на башибозукот, нарко-картелите и мафијата во власта!

Да побараме предвремени парламентарни избори, да побараме нова влада која ќе ја врати правдата и довербата, редот и поредокот во државата, достоинството на нацијата!

Поради сето горенаведено, на 29 мај 2021 година (сабота) бидете уште побројни од претходниот протест, помасовно да бидеме во 18:30 часот пред Владата, а во 19:30 часот со марш до Собранието!

Да го победиме стравот, заедно да ја освоиме победата и слободата, затоа што во единството е силата на народот, тоа е нашето најсилно оружје за ослободување на татковината, да ја вратиме светлината, надежта, верата и љубовта за Македонија!

Никогаш северна, само Македонија!

Боби Темелков

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.