|
||||
Како МВР му дало полициско обезбедување на криминалецот Пекер |
ВМРО-ДПМНЕ : До кога мислат Спасовски и Заев да молчат зошто му дале полициско обезбедување на криминалецот Седат Пекер?! Полициско обезбедување не даваат службениците од пасошко кои ги осудија, туку Спасовски и Заев. Како МВР му дало полициско обезбедување на криминалецот Пекер и дали АНБ затаила со тоа што не им дала информација за него или тие прогледале низ прсти?! Дали на Пекер му е дадено полициско обезбедување затоа што е близок со Заев и затоа што му бил гостин во неговиот дом? Дали блискоскта со премиерот е зелена карта за кршење на закони и за полициска заштита на криминалци? ЈО да отвори случај и да испита како и кој му дал обезбедување на Пекер? И кој затаил АНБ или МВР? Одговорност мора да има. |