|
||||
Мицкоски: Ако ги споредиме годините на минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа |
Ако ги споредиме годините на минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа, поточно разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг во време на ВМРО-ДПМНЕ е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €. Еве подетално: Зоран Заев на 7 април 2018 година, во интервју за МИА, ќе изјави: “ лекција од економија Мицкоски може да добие кога сака...”. Нешто повеќе од 3 години поминаа од тогаш, ова се резултатите од лекцијата: Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, период 1 јануари 2007 - 31 декември 2016 година ⁃ раст на бруто домашен производ: 4,185 милијарди €; ⁃ раст на јавен долг: 2,893 милијарди €; ⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 3%. Влада предводена од СДСМ, период 1 јануари 2018 - 31 декември 2020 година ⁃ раст на бруто домашен производ: 0,728 милијарди €; ⁃ раст на јавен долг: 1,696 милијарди €; ⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 0,53%. Заклучок: Во периодот од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €. Во периодот од 1 јануари 2007 - 31 декември 2016 имаме додадена вредност, а во периодот 1 јануари 2018 - 31 декември 2020 имаме одземена вредност. Во периодот од 1 јануари 2007 - 31 декември 2016 се задолжуваме но економијата расте, а во периодот 1 јануари 2018 - 31 декември 2020 се задолжуваме но економијата паѓа. Ако некој имал дилема каде завршуваат парите кои ги позајмува владата предводена од Зоран Заев пред, за време на избори, но и после избори одговорот е во три збора: криминал, корупција и поткуп. П.С: слабо со лекцијата за економија, држете се до лекцијата евро за евро, тука сте најсилен, но за кратко..., а потоа следи одговорност! https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1868038616704922&id=829371753904952 |