|
||||
Заев гарантирал 100 милиони евра за криминален проект, за тоа има и аудио-видео докази |
Врти сучи аферата со Меѓународниот сојуз во јавноста познат како продолжеток на „Рекет“, пак се поврзува со Зоран Заев.Впрочем нема криминал во Македонија кој не е поврзан со Зоран Заев. Имено според денешното рочиште Зоран Заев гарантирал 100 милиони евра за изградба на спорните домови и за истото постоеле докази и аудио-видео материјали. Затоа денес судот се препелкаше и бараше начини како овие информации да не излезат во јавност. Ова е уште една потврда дека власта на Заев, па дури и самиот тој биле вмешани во изнудување на милиони евра од бизнисмени. Градоначалници потпишувале меморандуми, партиски функционери таргетирале бизнисмени, а Заев гарантирал стотици милиони. Да потсетиме дека првообвинетиот во овој случај лично тврдеше дека сите рекетирани пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви, а приложените докази тоа тврдење и го поткрепуваат. Криминал пар екселанс. Сега има 100 милиони причини за проширување на истрагата. Заев може да бега од одговорност, судството може да го спасува, ама вистината излегува на виделина. ВМРО-ДПМНЕ |