Четврток, 20 Мај 2021    PDF Печати Е-пошта
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев „најголем македонофоб“

1kovacev-zaev

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го нарече бугарскиот европратеник Андреј Ковачев „најголем македонофоб“ за неговите обвинувања по интервјуто што го даде Мицкоски за неделникот „Фокус“ во кое вели дека договорот со Бугарија треба да се поништи.

-Најголемиот македонофоб, Андреј Ковачев, лично ме напаѓа, а јас никого не мразам во животов. Јас ги почитувам сите наши соседи, сите народи кои не опкружуваат. Кога Ковачев, Каракачанов се македономрасци, кога ќе сфатат дека постоела македонска нација, постоел македонскиот народ, колективната меморија на македонсиот народ е многу порано од тоа што они мислат, тогаш ние можеме да градиме пријателски односи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип.

Овој македонски народ постоел, кажа Мицкоски, и пред Илинден, и за време на Илинден и после Илинден.

-Македонскиот народ постои денеска и ќе постои во иднина, колку тоа да не сака да го признае македономразецот Ковачев кој за жал е дел од европарламентот, и треба да промовира европски вредности. Тој треба да бара одговор на прашањата и да се извини за политиката која ја гради кон Македонија, тој треба да дозволи да ги отпочне преговорите Македонија со ЕУ, бидејќи овој народ секогаш бил на страна на вистинските европски вредности, рече Мицкоски.

Бугарскиот европратеник како реакција на интервјуто за „Фокус“ пак го нарече Мицкоски шампион на антибугаризмот за неговите ставови за договорот.

-Додека Зоран Заев, Стево Пендаровски и Никола Димитров се во обиколка на европските метрополи, се жалат против Бугарија, Христијан Мицкоски директно бара поништување на Договорот за добрососедството. Вистината е дека тој и неговиот претходник, Никола Груевски, отсекогаш биле против неговото потпишување. Долго време имав дилема кој од нив е поголем бугарофоб, но долго време знам дека има јасен победник на ова натпреварување и ова не е бегалецот во Будимпешта. Мицкоски мора да признае дека, за разлика од многу други тамошни политичари, кои зборуваат едно приватно, друго пред медиумите, тој е многу јасен, прецизен,, искрен и доследен … во неговата омраза кон сè што е бугарско. Вистински шампион на антибугаризмот! Злобните јазици ќе најдат еквиваленти само меѓу српските четници од почетокот на 20 век, против кои се бореше ВМРО, рече Ковачев за БГНЕС.

Мицкоски во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ вели дека договорот со Бугарија треба да се поништи и да се направи нов со повеќе гаранции за идентитетот.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.