|
||||
БУГАРИЈА ПРЕРАСНУВА ВО ГЛАВЕН ДЕСТАБИЛИЗАТОР НА БАЛКАНОТ |
ОД ГЛАВЕН ПОДДРЖУВАЧ НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ ????????, БУГАРИЈА ???????? ПРЕРАСНУВА ВО ГЛАВЕН ДЕСТАБИЛИЗАТОР НА БАЛКАНОТ Откако стави вето на Македонија ???????? за почеток на преговори со ЕУ ???????? поради идентитетски и јазични прашања, Бугарија не само што ги влоши односите со Македонија до најниско ниво досега туку и го навлече гневот на голем број европски држави. Изминативе денови во Хрватска ???????? се случиле три напади врз бугарски државјани поради националистичката позиција на Софија кон Македонија која сè повеќе наликува на империјалистичка политика од XVIII и XIX век. Според првата пријава, постара жена вербално била нападната од хрватски таксист откако дознал дека е Бугарка. „Вие, Бугарите, со вашата валкана политика кон Македонија доаѓате да живеете во нашата убава Хрватска”, ѝ рекол таксистот пред да ја избрка од возилото и ѝ ги фрлил торбите. Друга бугарска државјанка пријавила дека нејзиниот сопруг бил гаѓан со предмети на пазар затоа што „Бугарија ја уценува несреќната Македонија”, а во третиот случај, на синот на бугарска државјанка не му бил дозволен пристап во градинка. Доколку официјална Софија ја продолжи блокадата на Македонија, индиректно ќе ја блокира и Албанија ???????? бидејќи двете земји се во ист пакет на патот кон ЕУ. Тоа значи бугарска блокада за две земји од Западен Балкан и заладување на односите меѓу Софија и Тирана, а на подолг рок и со Сараево ???????? и Приштина ???????? кои исто така се позади нас во евроинтеграциите. Ако на ова го надоврземе отвореното несогласување на Чешка ????????, Словачка ???????? и Австрија ???????? со тврдењето на Софија дека св. Кирил и Методиј биле Бугари, како и ставот на Стејт департментот ???????? дека Бугарија треба да го решава спорот со Македонија надвор од пристапниот процес за ЕУ, тогаш може да се заклучи дека Бугарија забрзано ита кон целосна изолација и ризикува да го загуби и онака малото влијанието на Балканот. Од ден на ден, бугарските позиции кон Македонија сè повеќе се совпаѓаат со оние на Кремљ и структурите на поранешна УДБА кои работат на стопирање на проширувањето на ЕУ кон Балканот. Бугарија одби германски ???????? историчари да посредуваат во македонско-бугарската комисија за историски прашања и не го прифати новиот предлог на Португалија ???????? за решавање на спорот. Бугарија пополека но сигурно го стекнува епитетот главен дестабилизатор во регионот. Македонскиот и бугарскиот народ се блиски народи, но за жал арогатното однесување на Софија сè повеќе нѐ одделува едни од други до степен Хрвати да ја бранат Македонија од бугарската агресија во отсуство на одлучен одговор од страна на македонскиот државен врв кој делува сервилно без јасни црвени линии. Прашање е на ден кога инцидентите на национална основа од Хрватска ќе се прелеат и во Македонија и Бугарија. Пишува: Филип Ивановски |