|
||||
Христијан Мицкоски: Уставобранителите се осудени за тоа што го нарачал Заев |
Христијан Мицкоски: Уставобранителите се осудени за тоа што го нарачал Заев, а наградата за Кацарска е Уставниот суд, процесот мора да се врати отпочеток и да не си игра Заев со трпението на народотРеволтиран е народот и му е преку глава. Чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд. Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе. Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај. Пендаровски ја менуваше својата изјава во неколку наврати, првично рече дека луѓето не се вниновни за тоа што се осудени, и тоа е нашето барање. Тоа е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за да денеска Кацарска стане претседател на Уставниот суд. |