Вторник, 08 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ : Доста е! Излези за Македонија во десет градови низ Македонија додека Заев не открие што преговара со Бугарија

1965

Зоран Заев и Владо Бучковски се пред нов обид за продажба на националните и државните интереси. Тие во преговорите кои тајно ги водат со официјална Софија подготвуваат анекс, писмени гаранции или “патоказ“ со кои ги прифаќаат ултимативните негаторски ставови и со кои широко ќе се отвори вратата на целосна асимилација на Македонците.

Овие стравувања не се само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на целата јавност и на експертите во Македонија. Впрочем и официјална Софија потврдува дека основен предуслов за тргање на ветото е бугарската Декларација со која се негираат историскиот континуитет на јазикот, идентитетот и антифашистичката борба врз кои се темели нашата државност. За жал на ваквите позиции, Зоран Заев одговара со подготвеност за прифаќање и преговори.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и народот, повторно излегуваат на улица, се додека Заев не го обелодени документот кој што го преговара со Бугарија. Од денес, па во наредните денови ќе почнат блокади под мотото “Доста е. Излези за Македонија“ во десет градови низ државата, меѓу кои и три локации во Скопје, во времетраење од 15 до 17 часот со цел јавноста да дознае какви концесии и отстапки ветил Зоран Заев на сметка на идентитетот и интересите на граѓаните.

  • Во Скопје протестот ќе се одржи на три локации:

-        Крстосница пред Градска болница – изјава за медиуми

-        Крстосница пред ТЦ Мавровка,

-        Крстосница пред НИП Нова Македонија

  • Штип, кај кружен тек Нама,
  • Велес, ул. 8ми Септември , центарот на градот кај споменикот Кочо Рацин,
  • Кочани, ул. Раде Кратовче, веднаш до градскиот плоштад,
  • Прилеп, Градска кафана (зграда Општина Прилеп), булевар Гоце Делчев со улица Прилепски бранители,
  • Струмица, ТЦ Глобал во центарот,
  • Кавадарци, раскрсницата кај ООУ Гоце Делчев,
  • Охрид, кружниот тек кај Охридска Банка,
  • Битола, раскрсниците на ул. Димитар Илиевски Мурато со ул. Никола Тесла кај Гроздот,
  • Кичево, раскрсницата кај НЛБ банка и Т -мобиле на булеварот Ослободување.

Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат, затоа што со ваква глува, анационална и неодговорно власт, само со народот на улица можеме да го заштитиме достоинството на Македонија.

Истовремено им се извинуваме на граѓаните поради метежот и непријатностите кои евентуално може да се предизвикаат, но Македонија, идентитетот и јазикот македонски се доведени во прашање. Заев е тој кој го создава хаосот во Македонија поради неговите штетни политики кои во континуитет ги води.

Да излеземе денес, пред да биде предоцна. Се работи за нашето достоинство, но и за нашата иднина.

Го должиме ова на сите генерации кои се втемелиле во македонската државност, но и за сите идни генерации кои заслужиле достоинствена европска иднина.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.