Сабота, 12 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
Бугарија доби нов рок, до 1 декември, да ги признае и регистрира македонските здруженија

Бугарија доби нов рок од Комитетот на министри на Советот на Европа да преземе активности во насока на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права и да ги регистрира здруженијата со македонски етнички предзнак во својата земја. Новиот рок за Бугарија е 1 декември 2021 година, до кога треба да покаже конкретен напредок во решавањето на овие прашања.

Во октомври 2020 година, Комитетот на министрите на Советот на Европа донесе привремена резолуција РесДХ (2020) 197, со наведување на обврските што треба да ги преземе Бугарија во однос на извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), особено на пресудата „Обединетата македонска организација Илинден и другите групи против Бугарија“, со која се повикуваат бугарските власти да овозможат секое ново барање за регистрација на ОМО – “Илинден“ или здруженија слични на ОМО – “Илинден“ да се разгледаат во целосна согласност со членот 11 од конвенцијата, односно да се дозволи нивна регистрација.

Тогаш на Бугарија ѝ беше даден рок до 1 јуни годинава да ги спроведе пресудите на ЕСЧП. На расправата на Комитетот на министри, одржана на 9 јуни, беше изразена „длабока загриженост што, и покрај усвојувањето на привремената резолуција CM/РесДХ (2020) 197 на последното испитување на овие случаи, најновите барања за регистрација иницирани од здруженијата повторно откриваат проблеми во врска со очигледно неконзистентна примена на формалното правно барање или потпирање на основи поврзани со целите на здруженијата на апликантите, пристап што постојано го критикуваше Европскиот суд“. Во тој контекст, побарано е од бугарските власти да ги разјаснат постоењето и влијанието на практиката на здружување на здруженијата да се регистрираат под статус на јавна услуга.

Повторно ги охрабруваат властите да обезбедат дека секое ново барање за регистрација на здруженијата на апликантите или здруженијата слични на нив е испитано во целосна согласност со членот 11 од Конвенцијата, во однос на формалните законски барања што мора да се применуваат пропорционално, предвидливо и на конзистентен начин, со јасни упатства до апликантите доколку е потребно, и исто така во однос на процената на законитоста на целите на здруженијата и средствата за нивно извршување – е наведено во заклучокот од Комитетот на министрите на Советот на Европа.

Покрај тоа, Комитетот на министри изразува „длабока загриженост од фактот дека повеќе од 15 години по првата пресуда, здруженијата за „постигнување признавање на македонското малцинство“ рутински се одбивани за регистрација и ова се чини делумно е поради поголемиот проблем на неодобрување на нивните цели. Во тој контекст, се повикуваат властите да ги пренесат барањата за извршување на овие пресуди, утврдени во одлуките на Комитетот на министри.

Познато е дека Бугарија има повеќе пресуди низ годините од Европскиот суд за човекови права, со кои се задолжува да овозможи регистрација на македонските здруженија, преку кои Македонците, главно од Пиринскиот дел на Македонија, ќе можат слободно етнички да се декларираат. Но исто така е познато дека Бугарија на разни начини избегнува да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, па дури има изразено и подготвеност да исплати казни за нивно неспроведување, но да не ги регистрира македонските здруженија и Македонците како етникум на својата државна територија.

Истакнати правници со меѓународно искуство укажуваат дека постапувањето по пресудите на Европскиот суд за човекови права е задолжително и консеквенциите за нивно непочитување би требало да бидат големи. Но во случајот со пресудите со кои Бугарија се задолжува да им овозможи регистрација на македонските здруженија, речиси никогаш не дошло до консеквенции, затоа што обично ќе направат некоја законска измена (во која сепак се поставува некој невозможен услов), но пред Судот прикажуваат дека наводно пристапиле кон извршување на пресудата. Некои од тие предмети се третираат и како континуирана повреда на човековите права.

И покрај новиот рок што ѝ е даден на Бугарија за спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, за регистрација на здруженијата со македонски етнички предзнак, работата и понатаму се движи кон опцијата Бугарија да биде исклучена од Советот на Европа. Ако Советот на Европа и понатаму биде толерантен спрема однесувањето и „итроштините“ на Бугарија во избегнувањето да ги регистрира македонските здруженија, се соочува со опасност да создаде практика на непочитување на пресудите на ЕСЧП и од другите земји-членки. Создавањето таква практика секако не оди во прилог на авторитетот и кредибилитетот и на ЕСЧП и на Советот на Европа – вели адвокатот Тони Менкиноски, кој има застапувано повеќе предмети на македонските здруженија од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права.

https://vesnik-ilinden.com/bugarija-dobi-nov-rok-do-1-dekemvri-da-gi-priznae-i-registrira-makedonskite-zdruzhenija/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.