|
||||
Александар Пандов : Патетично звучи лажењето на Заев од сликата со авионот пред три години |
Од сликата во авионот пред три години, до денешните изјави за некаква можност, патетични се веќе лагите на ЗаевАлександар Пандов претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Канал 5 телевизија, во „Само вистина“, а во врска со најавите на Заев дека се отворил прозорец со преговорите со Бугарија, тој вели дека патетично звучи лажењето на Заев од сликата со авионот пред три години до сегашните изјави дека има некаков прозорец отворен, се се тоа лаги. -Тоа што Заев вели дека подотворил некој прозорец, јас не гледам дека отворил и кој е тој чекор направен, патетично звучи веќе ова лажење, кога ни пратија слика од авиончето дека еве веќе сме добиле датум за почеток на преговорите, кој настан беше пред три години, вели Пандов. Пандов вели дека и пред три години во авионот, но и сега не е крив Брисел и Брисел не лажел, туку лагите се искажани од Зоран Заев. Сакам да потенцирам дека трагично е и жално дека Македонија прекрши кичма, но сега добивам и чувство дека полоши односи не сме имале со Бугарите, вели Пандов. Тој посочи дека ќе се оди и до таму да се прифати дека македонскиот народ има бугарски корени, како и дека Гоце Делчев е Бугарин. Заев беше тој којшто говореше на интервју дека „ние сме исти народ“, дека „бугарите биле администратори“ и тоа се негови ставови и не гледам дека има промени во тие ставови, и во било кое сценарио ние нема да добиеме датум за почеток на преговори без прифатено се' она кое го говориме, посочи Пандов. |