|
||||
Што му порача Димовски на Заев |
На изјавата и обид на премиерот Заев да релативизира и да ја внесе „северна“ и во ФФМ, реагираше поранешниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски. Фудбалската репрезентација на Македонија и Фудбалската Федерација на Македонија се пример на успех, заедништво, тимски дух, работа, енергија. Сите се радуваме и ги бодриме. Ни покажаа дека може да има добра приказна од Македонија. Затоа, господине Заев, од нешто што не обединува, немојте да правите нешто што ќе не раздединува. Ниту имате право да се мешате во ФФМ, ниту имате право да барате промена на името на Федерацијата, уште помалку имате право да се мешате во тоа како ќе изгледа дресот или амблемот на Фудбалската Федерација на Македонија.
Оставете го фудбалот, спортот и Федерацијата надвор од вашата погрешна политика. Оставете ги луѓето да навиваат за Македонија, кога веќе им го одземавте правото да живеат во Македонија.
П.С. И Вашиот Министер за надворешни работи и UEFA веќе се произнесоа дека нема никаква потреба од менување на името, амблемот или кодот на нашата репрезентација и Фудбалска Федерација на Македонија.
|