Петок, 25 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
Десет забелешки за Преспанскиот Договор на неговата трета годишнина

11miТаканаречениот „Преспански Договор“ беше потпишан на 17 јуни 2018 година, од тогашните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Тој веднаш беше прогласен за „историски договор“ од страна на владејачките партии во Македонија и Грција, како и од нивните поддржувачи и обожаватели во западни елити и во меѓународната заедница. Три години подоцна, време е да го разгледаме овој договор, кој не беше прифатен од мнозинството Македонци – кои ги трпат најсериозните негативни последици од потпишувањето.

Прво: Опстанокот на Македонија како република, како и на македонскиот идентитет, јазик, култура, историја, црква и се што ги прави Македонија и Македонците уникатни, ќе зависи пред се од Македонците во Републиката, во регионот и во светот (дијаспората). Македонските влади доаѓаат и си одат. Некои од владите ќе работат на заштита на Македонија повеќе од другите. Но, на крајот на краиштата, се зависи од Македонците.

Второ: Промената на името на една земја, на било која земја, е многу сериозно прашање. Најдобро е да се прави со широк општествен консензус. Во Македонија немаше широк консензус за договорот. Повеќето Македонци се спротиставуваа на промената на името, и тогаш и сега. Западните елити се држат до принципот на Лок, дека власта треба да владее врз основа на согласноста на тие со кои владее. Во случајот, овој принцип беше прекршен. Тие со кои се владее едноставно не се согласија со овој договор, а на Владата на Зоран Заев баш и беше гајле за тоа. Резултатот од наметнувањето на овој договор спротивно на волјата на Македонците ќе биде тоа што ќе имаме се повеќе негативни последици во иднината, кои ќе произлегуваат од се поголемата недоверба што Макдонците ја имаат во својата Влада и во нејзините институции. На ова укажува неодамнешна анкета според која 17 проценти од испитаниците рекле дека постојат и подобри форми на владеење од демократијата. Иронијата е во тоа што односот на Владата на Зоран Заев, при наметнувањето на овој договор, не беше израз на демократија, туку на авторитаризам.

Трето: На Македонците им беше кажано дека нивниот идентитет и јазик не само што не се загрозени туку и ќе бидат засилени со овој договор. А сепак, денес гледаме дека истите тие западни елити, особено во НАТО, во ЕУ и во Стејт Департментот одбиваат воопшто да го спомнат зборот Македонци и наместо тоа, вршат комплицирани јазички гимнастички вежби. На пример, во видео објавено од американската мисија во НАТО од воена вежба во Криволак меѓу американски и македонски воени инжењерци, беше кажано дека учествувале припадници на 15-иот инжењерски батаљон и „северномакедонски инжењерци“, наместо правилното „македонски инжењерци“. Моја проценка е дека ова е веќе намерно однесување од нивна страна – овие институции одбиваат да ја користат придавката македонски. Тука се и скоро секојдневните примери на странски медиуми кои Македонците ги нарекуваат „Северномакедонци“ и се што е македонско го нарекуваат „северномакедонско“. Мојата листа на овие примери можете да ја погледнете тука.

Четврто: Целата поента на договорот беше да се постигне Грција да го крене своето вето за приемот на Македонија во НАТО и во ЕУ, бидејќи, како што вели Зоран Заев, „немаме друга алтернатива“. Оваа фраза е логички дефектна и е измислена со цел да се спречи дебата по важни прашања. Точно е дека без овој договор Македонија немаше да биде членка на НАТО во овој момент. Но, тоа не значи дека Македонија немаше никогаш да стане членка на НАТО бидејќи овие прашања и институции се менуваат низ текот на времето. Во исто време, постојат и други безбедносни алтернативи покрај НАТО. Неколку земји во Европа не се членки на НАТО, а сепак, колку што гледам, не се нападнати од Русија.

Петто: Ни велеа дека односите меѓу Македонија и Грција пред овој договор биле многу лоши. А сепак, Македонците масовно одеа на одмор во Грција, а Грци патуваа во Македонија. Имаште трговска размена, имаше соработка, имаше натпревар и така натаму. Лага е дека односите биле крајно лоши. Не беа лоши.

Шесто: Многумина од поддржувачите на овој договор, особено меѓу политичарите и неизбраните бирократи, аналитичари, новинари, професори и слично, не веруваат во постоењето на национални држави со јасни граници и мислат дека ако ги укинат се ќе биде подобро. Тие се во служба на формирањето глобална власт водена од прогресивен светоглед. Единствен проблем со нивните планови е што се спротивни на човечката природа, која е неменлива. Секогаш ќе има невољи на овој свет, независно дали имаме држави и граници или не. За нив, Македонија е експеримент каде можат да го тестираат својот начин на размислување.

Седмо: Договорот создадде повеќе проблеми за Македонија во форма на бугарското вето. Бугарија сега гласно тврди дека Македонците се всушност Бугари, и дека македонскиот јазик е всушност бугарски. Бугарите одат дотаму што бараат Македонците да ги прифатат овие безобразни тврдења, и најавија дека ќе ја блокираат Македонија во ЕУ интеграциите додека тоа не се случи. Изгледа дека Бугарите научиле по нешто од Грците.

Осмо: Огорченоста кај Македонци поради начинот на кој договорот им беше наметнат од страна на нивната Влада, со помош и поддршка од елитите од Запад, ќе продолжи да ја разградува довербата во меѓународната заедница со која доминираат западните елитисти, особено ако Македонците не видат ништо од наводните придобивки од договорот. Приказната дека договорот наводно ќе биде лек за сите болки што ја мачат Македонија беше лажна. И актуелната власт во Македонија и меѓународната заедница се одговорни за ширење на таа приказна.

Деветто: Многумина во меѓународната заедница сакаат Македонија да се трансформира во целосно граѓанска држава, со елиминирање на секое спомнување на Македонците (види ја точката број 3) додека притоа се уште ќе ги именуваат разните малцинства во Макеоднија. Повеќето држави во светот имаат етничко мнозинство, како и одреден број на малцинства. Македонија е и ќе продолжи да биде таква земја. Тоа е факт, но за западните елитисти фактите се проблематични.

Десетто: Ако прогресивните Македонци поддржани од глобалните прогресивци продолжат да го поткопуваат македонскиот идентитет во обид да станат „граѓани на светот“, тогаш внатрешната безбедност на Македонија – а оттаму и безбедноста на регионот – ќе бидат загрозени. Да, идентитетот е прашање на национална безбедност.

Да заклучиме. Ова е многу лош договор, наметнат на Македонија и на Македонците од страна на една корумпирана власт, со поддршлка од западните елити. Секој меѓународен договор може да се раскине – независно што е напишано во него. И овој договор може да се раскине и треба да се раскине. Како тоа може да се постигне е прашање за правниците, за експертите за односи со јавноста и за вистинските македонски водачи и за македонската јавност – за сите кои се грижат за Македонија и за Македонците.

пишува:

Џејсон Мико

https://www.svest.mk/deset-zabeleshki-za-prespanskiot-dogovor-na-negovata-treta-godishnina/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.