Петок, 18 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
После цела година сеење магла од власта излезе на виделина дека немаат двотретинско мнозинство за уставни измени

12903

Мицевски: После цела година сеење магла од власта излезе на виделина дека немаат двотретинско мнозинство за уставни измени

После цела година сеење магла од страна на власта излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени.

Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80%  од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат.

Денес се соочија со суверенитетот и интегритетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата на власта од друга страна.

Она што владата го нарекува свршен чин кој мора да се земе или остави, народот го смета за распродажба на националните и државните интереси и одбива да го прифати.

Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството и интегритетот на државата, но во исто време погазување на суверенитетот, бидејќи народот е суверен, а тој во огромно мнозинство кажа не.

Во целиот процес кој го правеше власта исклучувајќи ја јавноста и опозицијата, а кога уследи сугестија дека грешат, се појави ароганција и игнорирање од нивна страна.

Концесиите кои ги давале и ветувале за уставни измени во Собранието се доказ дека со државата и со националните интереси се однесуваат како да им се оставени од татковците и дедовците.

Изворот на проблемот датира од 2017 година кога потпишуваа договор со Бугарија кој наместо пријателство, донесе тензии и уцени. И тогаш беа предупредувани за последиците, и сега ги предупредуваме, ама Ковачевски и власта се тврдоглави или така сакаат да се прават.

Прифатија услови за евроинтеграции кои ги немала ниту една земја пред нас, услови кои значат или вечни преговори или асимилација. Ја внесоа со својата кусогледност државата во ќорсокак.

Сите рационални сили во Македонија, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да им пружат рака за да се излезе од овој ќорсокак, но тие тоа го одбија и да биде уште пострашно ги етикетираа сите кои размислуваат поинаку од нив како антиевропски. Ширеа хистерија и поделби, но колку повеќе покажуваат очај толку народот повеќе ќе ги казни на следните избори кои неминовно треба да се случат.

Оваа власт е развластена, не само заради тоа што уставните измени и се удрија од ѕид, туку затоа што ја упропастија државата.

Институциите се киднапирани, а СДС и ДУИ се фрлени на криминал и корупција која граѓаните ја плаќаат со своите пари, но и со своите животи. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија.

Оваа власт е инфлацијата која го изеде стандардот. Оваа власт е апатија која ги брка граѓаните, оваа власт е проблемот, а решението на тоа се избори час поскоро и промена на власта.

Уставни измени под диктат нема, ама затоа избори мора да има, бидејќи оваа власт е делегитимирана.

 
 

На прво место

News image

За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата....

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922 година

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

News image

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... 15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот ...

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (21)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.