Сабота, 19 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
ОМД: Само обединети можеме!

Етничките поделби во Македонија не носат Европски стандарди на живот

Вчерашната расправа и ставовите на владеачките пратеници како и пратениците кои се претставници на малцински групи ме доведоа да истакнам неколку работи кои се повеќе од погубни за Македонија и ниту малку не ја приближуваат државата на патот кон Европската Унија.

1. Македонија е очигледно идеолошки заробена држава со дадено зелено светло од европската и меѓународната заедница, која се фокусира на поделба и препознавање различности внатре во државата, каде заедницата свесно се поделува во помали малцински групи, наместо да се гради единство.

2. Македонската политичка фела не сака и не е спремна да се фокусира на своите домашни проблеми во справување со корупција, градење на основни сервиси за своите граѓани, развој на образование, здравство, судство, култура, економија итн. пред пристапот кон ЕУ.

Очигледно е дека политичките лидери сакаат вештачки да ја спровнат земјата во ЕУ, без никакви општествени вредности, без никаков развој, со потрошени милијарди од сите наши донатори (партнерски земји) а сепак на ниво да немаме ниту книги за нашите најмили.

 Па затоа би се запрашале:

- Кого од граѓаните би го интересирало препознавање на малцински групи, кога граѓаните неможат да ги добијат основни општествени сервиси?

- Што мислат малцинските групи дека ќе добијат ако Македонија ги препознае а впрочем нивното дете неможе да добие ниту основни лекарства а ниту сведителство?

Вчерашната парламентарна седница покажа и докажа дека во Македонија, нема ниту еден професионално образован политички визионер, ниту еден претставник кој се залага за реални европски промени, но го дефокусира општиот народ со разделби, поделеност и идеологија која и не е така далеку на оние луѓе кои Македонија општествено не економски, ја гледаа како Швајцарија на Балканот.

Затоа е круцијално за македонските граѓани, оние кои комуницираат со своите партиски претставници во парламентот и лидерите на партиите, да се стави пауза на овое прашања на припадност и се стави пристапноста кон ЕУ на мала пауза. Иако е општо познато дека ЕУ картичката е секогаш искористувана за добивање на гласачки поени, сепак ние мораме да се фокусираме на зајакнување на државата, пред да направиме уште поголемо поделување на македонското општество. 

Да се фокусираме на справување со корупцијата, да се фокусираме со независноста на судството и спроведување на случаевите кои не доведоа до стотина жртви и погазување на македонскиот устав од страна на малцински претставници со ширење на идеологии на други држави, да се фокусираме на стандардизирање и развој на образованието, да се фокусираме на стабилизирање на здравството и ширење на македонската преубава култура и историја. Кога ние ќе ги исполниме барем овие горенаведени области, можеби тогаш, ќе биде време за вметнување на нови малцински групи и градење на пошироко општество.

Да не се фокусираме на поделба, но на обединување, затоа што поделбата никако нема да ги исполни основните сервиси на државата. Небитно е професорката по географија, или било кој друг предмет, на нашите деца дали е македонка, албанка, бугарка или било што дома, но битно е дали нашите деца имаат учебници, сведителства итн. Истпото е во здравство, истото е во судство истото е во сите сфери. Само тој е единствениот европски пат. Кога ние ова ќе го исполниме, нека се запраша Европа сама што и е круцијално за наше зачленување, но засега ќе мора дома во својот двор да си доработиме.

Само обединети можеме! 

 

На прво место

News image

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат о...

Историја

News image

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на ...

Иселеници

News image

СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО БАРСЕЛОНА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА КАТАЛОНИЈА И ГРАДОТ НА ФУДБАЛОТ (6)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.