Среда, 13 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Силјановска: Во Брисел се оди преку почитување на владеење на правото
1sd2
 
Во Брисел се оди преку почитување на владеење на правото, а кај нас нема ништо од тоа, има владеење на поединци кои си ги реализираат своите интереси  

Не се работи за тоа дали сакаме или не да го менуваме Уставот. Нас не не избира меѓународната заедница, нас не избира народот, а ние не напишавме во програмата на избори дека ќе го менуваме Уставот. Но, власта не верува во теорија на мандат и второ последна година пред избори не се менува Устав, ниту Казнен законик, рече професорката Гордана Силјановска давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или Против што се емитува на телевизија Алфа.

Професорката укажа дека за време на средбите со претставниците на меѓународната заедница им кажуваат како стојат работите и ги потсетуваат на основите на правото.
„Многу сакам да живеам во држави како нивните, како на претсавниците на меѓународната заедница. Тие ги имаат одредбите од нормите на ЕУ, Повелбата на фундаменталните права кон која пристапиле како ЕУ,  исто така и кон Рамковна конвенција за заштита на националните малцинства. Е сега има пресуди од Судот за човекови права во Стразбур кои се директно применливи, но тоа не е случај во Бугарија. Од Бугарија никој не бара да ги почитува. А идејата за ЕУ е идеја за единство на различностите, идеја за владеење на правото“, рече Силјановска.

Според неа оваа власт се делегитимира себе си и создава одиум кон тие од надвор, а тие сакаат да напишат во портфолио дека решиле проблем бидејќи и во Европа, во ЕУ ќе има избори.
„Сега нам ни се става во преговарачка рамка од која извираат прашања кои и даваат право на Бугарија да не попречува постојано. Таа бајка со возови заминување, качување некако не поминува и затоа велам ако се изразуваме со јазикот на комуникациите тогаш  патот до Брисел води преку Копенхагеншките критериуми, а ние со тоа имаме проблем немаме владеење на право, туку владеење на поединци“, кажа Силјановска.

Професорката се осврна на говорот на Димитар Ковачевски во Собранието на седницата за промена на Уставот.
„Пратениците му аплаудираа, па тие се откажуваат од функцијата народен избраник, а тие го претставуваат народот, би разбрала да му аплаудираат кога ќе  се избере влада, доверба на влада, ама за промена на Устав е нерално“, рече Силјановска.

Во однос на тоа што Талат Џафери ја прекина седницата на која требаше да се гласа за потреба на промена на Уставот, Силјановска рече дека ги прекршува сите правила.                                                                                        „Точно е дефинирано кога и како се гласа во првата фаза за промена на Уставот. Не е согласно правото ваквото одложување“, заклучи Силјановска.
 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД, партнерството е од важен национален интерес

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.