Недела, 01 Октомври 2023    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Сонот на бугарската државна политика е големо бугарска држава на грбот на Македонија

1nail3

Мицкоски: Сонот на бугарската државна политика е големо бугарска држава на грбот на Македонија што секогаш било поддржано и од руските влијанија, овој диктат со кој не условуваат е продолжение на таа политика

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, во својот говор потенцираше дека сонот на бугарската државна политика е големо бугарска држава на грбот на Македонија што секогаш било поддржано и од руските влијанија, овој диктат со кој не условуваат е продолжение на таа политика.

- Гледано низ историска призма борбата на секоја генерација на секој народ е да обезбеди и освои подобри и нови позиции нормално сето тоа е потребно за да има подобри влијанија за својата држава. Оваа генерација не само што не обезбедува нови победи и подобри позиции, туку ги губи и оние кои ги стекнале минатите наши генерации. Ние од постоење на Бледски договор потпишан 1947-та година кој се случил помеѓу тогашна комунистичка Бугарија и тогашната федерација во чија составен дел беше Народна Република Македонија, каде се разговара и договара признавање на културната автономија и идентитетска потврда на Македонците во Бугарија, стигнавме за само 7 децении подоцна до позиција на одрекување од Македонците во Бугарија, притисоци за прифаќање на бугарскиот диктат и редица отстапки кои се во насока на себеодрекување, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека повторно по којзнае кој пат Европа е доведена во заблуда од стана на криминални политичари во Македонија и на Балканот исполнувајќи ги бугарските интереси за жал е заложник на руската политика на Балканот, додека Македонија и ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш во историјата биле и се стремеле и имале прозападна ориентација. Немало дилема од самото формирање до ден денешен.

- Ќе ве потсетам на Сан Стефано на договорот помеѓу тогашните министри за надворешни работи на Русија и на Отоманската империја, кога Русија и ја подарува денешна Македонија на тогашна Бугарија, која патем речено не била ни држава туку автономија во Османлиското царство. За наша среќа после со Берлинскиот конгрес овој договор е поништен. Не така одамна 1947 година во Блед е потпишан договор со кој Бугарија се обврзува да признае културна автономија на Македонците во Пиринска Македонија, западна Бугарија тогашна и тоа го прави со дела. Повеќе од 70 учители од тогашна Народна Република Македонија која е рамноправна република во тогашната федерација ги учат нашите дечиња Македонци во Пиринска Македонија во Западна Бугарија. 1947 година е отворен Македонски народен театар каде имало претстави на македонски јазик. Македонскиот јазик бил факт и не бил оспоруван од никого, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека сето тоа потоа било отфрлено по налог на Сталин, а денес Тодор Живков да бил жив ќе бил сигурно многу горд и на Димитар Ковачевски и на Бујар Османи, можеби ќе биле најблагонадежните Бугари, затоа што дури ни бугарското раководство не можеше да замисли дека некој може да стави потпис на таков договор.

Мојата порака до меѓународната заедница е да не дозволите уште еднаш да бидете заложници на руските интереси удоволувајќи и на Бугарија за повторно да се обиде да го асимилира Македонецот. ВМРО-ДПМНЕ додека јас сум претседател нема никогаш да поддржи ваков бугарски диктат како што сега е ставен во парламентот.

 

На прво место

News image

Техничкиот Министер за Труд и Социјала Ѓоко Велковски најде решение: 3200 вработени на УКИМ ќе добијат поголеми плати

Денеска конечно заврши на одисејата која ја имаа 3200 вработени на универзитетот Св. Кирил и Метод...

Историја

News image

Наредба на Тодор Александров од 22 август 1922 година

Помошната организација во тие краеви, како и македонската рев. Организација е самостојна и непартиск...

Иселеници

News image

ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ КАКО ИГРАОРЕЦ, КОРЕОГРАФ, ВАЈАР... 15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

СИНИША СТАНКОВИЌ – ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ (10)

Д-р Милка Пљакиќ долгогодишен асистент на Станковиќ, познат биолог и научен работник, за професорот ...

Фељтон

News image

ЗГАСНА СРЦЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДОНАТОР И ХУМАНИСТ АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (21)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.