Вторник, 06 Јануари 2026    Печати
Братски честитки по повод Бадник и светлото Христово Рождество – Божиќ

            4174

Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ  упатува искрени и братски честитки до сите Православни Христијани по повод Бадник и светлото Христово Рождество – Божиќ.

Нека раѓањето на Богомладенецот Христос донесе мир во секој дом, сплотеност во секое семејство и надеж во срцата на сите луѓе.

Нека овие свети денови нè потсетат дека верата, љубовта и жртвата се темелите врз кои се гради иднината, а заедништвото е нашата најголема сила.

Како потомци и чувари на слободољубивата македонска идеја, со длабока почит се поклонуваме пред духовното и националното наследство, со завет да го чуваме, браниме и пренесуваме на идните генерации.

Со вера во Бога, со љубов кон народот и со одговорност кон татковината,

Христос се роди!
Навистина се роди!

16-veterani 38 copy copy copy copy copy copy copy copy