Вторник, 09 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
Петрушевски: За три недели власт ВМРО-ДПМНЕ оствари и повеќе од очекуваното

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Петрушевски: За три недели власт ВМРО-ДПМНЕ оствари и повеќе од очекуваното, прво ДУИ е во опозиција и мирно седи, со ребаланс на буџет ќе следи покачувањето на пензиите

Петнаесетина дена, три недели како имаме влада во Македонија и сметам дека остваривме и повеќе од она што се очекува. Едни од носечките наши изборни ветувања се веќе реализирани, а тоа е ДУИ во опозиција. Гледаме дека си седат во опозициските клупи и не се случи никакво чудо во Република Македонија како што претходно имаше најави, мислења или критики од одредени политички субјекти, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во денешното гостување на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија запрашан дали се остварите очекувањата од ВМРО-ДПМНЕ по преземањето на власта.

„Имаме Влада која што ги среќава со дипломати, иако претходно беше зборувано дека ВМРО-ДПМНЕ било изолирано, гледаме дека не е така. Гледаме секојдневно средби со разно разни дипломати. Носечкото ветување за линеарно зголемување на пензиите кое што. Исто така беше критикувано дури и како невозможно во Република Македонија веќе е реалност, се прави ребаланс на буџетот и првите две и пол илјади денари линеарно зголемување ќе се пуштат во септември годинава, следното во март следната година“, рече Петрушевски.

Набројувајќи ги постигнувањата и реализациите од страна на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот, Христијан Мицкоски додаде дека со ребалансот на буџетот кој што се подготвува ќе се одвојат пари и за ветените 250 милиони евра за реализација на проекти на општините.

„Исто така со ребалансот се алоцираат средства за голем број на други ветувања кои што ги имаме во нашата програма, пред се акцент тука ставаме на 250 милиони евра, пари за општините. Не како до сега селективно онаму каде што владата мисли дека треба да ги даде, туку по формула на сите општини подеднакво. Тоа се пари кои што  ќе се користат за нови училишта, канализации, водоводи, асфалтирање на патишта и така натаму“, истакна Петрушевски.

Додаде дека гледаме сериозни странски инвестиции, три недели власт, веќе трета инвестиција најавена, посочувајќи дека тука нема да застане ВМРО-ДПМНЕ се до реализација на целосната програма ветена на граѓаните пред изборите.

„Така што, мислам дека и повеќе од она што го очекувавме за три недели ние го реализиравме. Меѓутоа, апсолутно не застануваме тука. Планираме комплетната програма и сите оние ветувања кои што ги имаме дадено пред граѓаните во предизборниот период да бидат реализирани“, потенцираше Петрушевски. 

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.