|
||||
Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“: Бараме Слобода за Уставобранителите! |
Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“: Бараме Слобода за Уставобранителите! Коњаниците денес во 8.30 часот традиционално тргнуваат од: с. Зубовце-Гостиварско. Потоа во 10.30 часот во с.Тумчевиште, 15.00 часот во Црквата Св. Богородица во центарот на Гостивар а во 16.00 ч. коњаниците тргнуваат кон Бигорски Манастир. Здружението “БИГОРСКИ МАНАСТИР- ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ” е формирано пред Петнаесет години со цел да ја искажеме почитта кон основоположниците на нашата сегашност и да ветиме: нивната заклетва е и наша заклетва, нивниот аманет е и наш аманет. Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ ја сочинуваат коњаници од: Гостиварско, „Илинден“од с. Радово, „Букефал“ од Битола, Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Штип и за прв пат „Златна Потковица“ од Ново Село- општина Ѓорче Петров. Пет дена, околу 50 коњаници низ планините на западна Македонија, ќе поминат над двеста километри. На 31 Јули пристигнуваат кај езерото во Крушево- кампот на коњаницата, а на 2 август Илинден, ќе учествуваат на централната прослава, десет дена Крушевска Република. Оваа година Коњичкиот марш го посветуваме на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ КОИ БЕЗ НИКАКВА ВИНА ЛЕЖАТ во македонските затвори! Бараме Слобода за Уставобранителите! |