|
||||
Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ денес од Бигорски Манастир го продолжи коњичкиот марш за Крушево |
По одржаната служба и благословот од Монашкото братство во Бигорски Манастир и по заклетвата, денес над 50 коњаници традиционално тргнаа на пат долг околу 200 км за Крушево. Здружената Коњаница „Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче“ оваа година ја сочинуваат коњаници од: Гостиварско, „Илинден“ од с. Радово, „Букефал“ од Битола, од Крушево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Штип и „Златна Потковица“ од Ново Село- општина Ѓорче Петров. Коњичкиот марш оваа година е посветен на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ КОИ БЕЗ НИКАКВА ВИНА ЛЕЖАТ во македонските затвори! Слобода за луѓето кои го бранеа Македонскиот Устав. Оваа година за Војвода на Коњаницата беше назначен Сашко Цветковски-Стапало од Крушево.
|