Вторник, 06 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
Порака до Ахмети: Престанете да се криете зад вакви маневри за ветинзи, доаѓа правда во Македонија и ние ќе ви докажеме дека никој не е над законот!

                1uv7 copy copy copy

После толку години власт и пљачка на државата Ахмети сега сака да си ги спасува внуците кои добија кривична и сите бандити кои беа дел од неговото лично опкружување, а кои станаа милионери со нула капацитет интелектуален и нула напор, само преку кражба на народни пари.

Зошто не бараа ветинг кога беа на власт или тогаш му веруваше на неговиот комшија од Зајас, а сега главен обвинител на организиран криминал кој го стави на сила со помош со неговите слуги од СДС.

Дали ветинг му треба да се открие како од едни просечно ситуирани граѓани кои се занимавале со овчарство како никаде во светот станаа милионери?

Дали ветинг му треба да провери како Миле Зечевиќ, Зоран Заев, Венко Филипче лапаа од тендери во РЕК и здравството? И како Муса Џафери и Артан Груби работеа со струја и со подизведувачи на патишта низ Македонија?

Му упатуваме порака на Ахмети.

Престанете да се криете зад вакви маневри за ветинзи. Доаѓа правда во Македонија и ние ќе ви докажеме дека никој не е над законот! 20 години ја цицавте и уништувавте земјава.

Време е да се провери и обелодени што точно сте правеле и вие и сите политичари без разлика на етничка, верска и партиска припадност. За тоа не треба ни меѓународен ветинг, нит бутур. Има закони во оваа земја. Треба само да важат тие закони и да се применуваат за сите подеднакво. Тоа во ваше време не се правеше. Ако се правеше немаше да кажувате вакви панични идеи за меѓународен ветинг. Нема да ве спаси ни ветинг. Тој што крадел ќе одговара.

Исто така би додале дека ова е првата работа која Ахмети ја фрла во воздух како хемиска бомба која треба да направи триење меѓу власта и опозицијата. И со која Ахмети утре ќе сака да си ги правда постапките за излегување на улица. Зад се ова лежи само стравот на неколку луѓе од ДУИ кои се спремни на се само да си ја спасат слободата. Трагедија е до кое дереџе стигна ДУИ и колку предвидливи се нивните постапки. Впрочем луѓето од ДУИ докажаа историски низ периодов што измина дека нивното удирање во гради со квази патриотски теми е само криење на нивната вистинска желба, а таа е за власт и пари.

Го прашуваме Ахмети со какви знамиња ќе протестира кога ќе го брани сопствениот криминал со зелени како партија на зелените како што се ребрендираа пред неколку години кога кажаа дека ги решиле сите етнички прашања тука, или со знамиња на ЕУ како Европски фронт.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Венко Филипче да излезе од скутот на ДУИ и да не прави мрачни дилови со нив со кои се загрозуваат демократијата и правната држава. А на Али Ахмети му порачуваме дека има време, кога се ќе излезе на виделина.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.