Вторник, 03 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
СДС без срам ја ограби државата

Marija-Miteva-24.11.2023-1

Митева до СДС: Опседнатоста со Мицкоски се гледа преку денешната седница каде користите политичка интерпелација како основ да зборувате за премиерот

На денешната седница во собранието на Македонија се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која што истакна дека СДС нема никаков напредок и се опседнати со Мицкоски а денешната интерпелација е гола политика што сакаат да ја продадат на македонската јавност.

„Колега Талевски имам две работи што сакам да ви ги кажам после вашиот говор, првата е дека преку вашиот говор јавноста може да види каква е тажната реалност во СДС, колку ви се тажни и стари тезите и колку немате напредок на ниедно поле и втората работа дека толку многу не можете да ја поправите таа расипана плоча што едноставно во говорот ако пребројав на секоја страница го спомнувате Мицкоски а вкупно го спомнувате 12 пати. Пребројте си да видите колку сте опседнати со Христијан Мицксоки. И колку не станува збор за никаква интерпелација туку станува збор за гола политика која што сакате да ја продадете на македонската јавност“ кажа Митева и додаде:

„Неколку пати кажавте што сме ветиле што сме оствариле, јас ќе ви набројам.

Ветивме дека ќе заминете во опозиција со ДУИ заминавте.

Ветивме дека се што направивте и ја ограбивте Македонија ќе вратиме, 3000 вработени ги оставивте без плата реализиравме и имаат пари да однесат дома нивните семејства леб да јадат.

Ветивме повисоки пензии за 5000 денари остваривме. Ги оставивте луѓето без законска обврска за К-15, остваруваме ќе биде реализирано“ нагласи Митева.

Митева додаде и дека СДС без срам ја ограби државата.

„А што направивте вие ја ограбите државата и жалам што вашата колешка Бисера Антоанета Костадиновска Стојчева не е тука да ја прашате како се трошат службени картици за куфери ручеци хулахопки и плишени мечиња.

Засрамете се и треба да имате образ и ова да не го правите“ нагласи Митева.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.