Недела, 22 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
50 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА МПЦ „РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО ДЕТРОИТ

     1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy 11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонската православна црква “Раѓање на Пресвета Богородица” во Детроит е една од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа е собиралиште на голем број Македонци од Детроит и од околината и организатор на бројни активности, Таа го одбележа големиот празник - Раѓањето на Пресвета Богородица, 21 септември, ден кој се нарекува и Мала Богородица. Овој значаен ден се вбројува во 36-те големи празници во црковниот календар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците од етничка Македонија, обележани со црвени букви.

Инаку, црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ е изградена во Ворен, дел од  метрополата Детроид, во Мичиген, која е сместена на езерото Ири и е една од петте метрополи во Соединетите Американски Држави. Детроит е седиште на ав­то­мо­бил­ски­те компании „Форд“, „Крајслер“ и „Џенерал моторс“. Тоа е град на авионската и електронската индустрија, кој уште во 1796 година го формирале Французите. Исто така, Детроит е еден од големите центри на афроамериканското население и дојденци од целиот свет, а со тоа станал значаен културен, административен и спортски центар на тие аме­ри­кан­ски простори.

За купувањето и за првите активности на црквата „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Детроит се заслужни голем број иселеници, меѓу кои посебно место им припаѓа на почесниот претседател, големиот донатор и фабрикант Крис Ник од селото Болно, Ресенско, на првиот претседател Владо Пашариковски од Љубојно, потоа на Миле Топаловски, Сане Тодоровски, Мишко Васовски, Стив Стамевски,  Јонче и Бошко Рајчовски и многу други од помладите генерации доселени во Детроит

За Македонците од сите делови на Македонија најзначајно е тоа што Детроит е средиштето на најбројната македонска колонија во Соединетите Американски Држави, во која првите печалбари од егејскиот дел на Македонија се доселиле уште при крајот на XIX век. Денес во него живеат четириесетина илјади Македонци и тоа претежно од, Тетовско, Преспанско, Битолско и други делови од етничка Македонија.

Според историските факти запишани во делата: „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“ и „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, Славе Катин, иницијативата за изградба на Македонската православна црква „Раѓање на Пресвета Богоридица“ во Детроит, Мичиген е покрената во декември 1973 година. По една година, во 1974 година е решено да се организира македонска православна црковна општина. Потоа на 14 јануари 1975 година е конституиран Иницијативен одбор за формирање на МПЦ “Раѓање на Пресвета Богородица” во Ворен – Детроит, која беше примена во закрила и потпадна под јуриздикција на Светиклиментовата македонска православна црква во Република Македонија.

111 copy copy copy copy copy

МПЦ „Света Мала Богородица“ во Детроит

Првата архиерејска литургија во оваа колонија ја отслужи надлежниот архиереј, митрополитот Кирил, во сослужение на тогашниот повардарски митрополит Михаил, подоцна поглавар на МПЦ -ОА во една римокатоличка црква во август 1975 година, а потоа беше организиран пикник на кој присуствуваа повеќе илјади иселеници и беше собрана поголема сума на средства

Во периодот кога се одбележуваше 75-годишнината од Илинденското востание, на 13 август 1978 година, епархијскиот архиереј  г.Кирил изврши осветување на купеното место и положи камен-темелник за градба на црква. Потоа на 24 декември 1978 година е купена црковната зграда, а е осветена на 20 јули 1980 година.

Потоа, стариот објект на црквата беше продаден, а во Ворен е изградена денешната нова црква која претставува соборен храм и најголем објект на МПЦ-ОА во САД.  До храмот се изградени големи сали и други простории што претставуваат убав македонски архитектонски комплекс. Местото беше осветено на 25 септември 1995 година, а на 21 септември 1998 година е поставен камен-темелникот. Новиот објект на „Св. Богородица“, поточно салата е осветена од архиепископот Стефан и митрополитот Кирил на 21 септември 2000 година, а црквата беше осветена на 21 септември 2002 година.

Македонската православна црковна општина „Света Богородица” од Детроит е најголемиот и најубавиот македонски духовен храм. Тој е изграден на пространите американски простори и е гордост архитектонски, градителски, световен и национален центар за сите Македонци од етничка Македонија, каде и да се задомени на пространиот прекуморски континент.

Црквата “Св. Богородица” во Детроит е една од најзначајните македонски духовни и културно-просветни центри во САД. Таа го одбележа големиот празник - Раѓањето на Пресвета Богородица, 21 септември, ден кој се нарекува и Мала Богородица. Овој значаен ден се вбројува во 36-те големи празници во црковниот календар на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците од етничка Македонија.

За прославата „50 години постоење на црквата “Св. Богородица” на 21 септември 2024 година, таа беше собиралиште на голем број Македонци од Детроит и од околината. Службата ја водеше надлежниот архиереј на Американско-канадско-македонската епархија г. Методиј во сослушение на петнаесеттина свештеници од САД и Канада.

По примерот на МПЦ „Света Богородица“ во Скопје во оја се одржа литија по повод враќањето на иконата на Света Богородица Троеручица, која беше донесена од манастирот Хиландар на Света Гора, така и во МПЦ „Света Богородива“ во Детроит беше пречекана иконата на мајка Богородица од Хаваи која е една од нај уникатните икони во светот.

Исто така, треба да се одбележи дека од посебно значење за македонската заедница во Детроит беше, секако, Катедрата по македонски јазик што со успех работеше на Универзитетот „Ен Арбор”. Македонскиот јазик како признат, познат и рамноправен со другите светски јазици, започна да се изучува во Детроит од септември 1991 година. На првиот курс беа запишани десет студенти, од кои пет Американци од немакедонско потекло. Средства за одржување на Катедрата, покрај образовните установи, обезбедуваше и Македонската православна црква „Света Богородица” од Детроит

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.