Понеделник, 23 Септември 2024    PDF Печати Е-пошта
Дваесетина личности се обидуваат да ги расипат пријателските односи меѓу Македонија и Бугарија

Borisov-i-Zaev

Бугарија сака да се меша во внатрешните работи, Оставка  во Македонија од мене може да побара премиерот и народот кој ме гласал, рече потпретседателот на влада и министер за транспорт Александар Николоски.

Недозволиво е да странска држава бара  оставка да си поднесе подпретседател  на влада и министер. Тоа никаде го  нема, тоа е директно мешање во внатрешните односи на една држава, тоа е  директен упад во внатрешни односи на една држава, рече потпретседателот  на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски  во гостувањето на Дневникот на телевизија Сител во однос на барањето на  неговата оставка од страна на бугарски политичари.

Ова  што го направи Бојко Борисов во случајов само покажува што всушност тие  сакаат, а тоа е да ги водат политичките процеси во Македонија и да  диктираат.

Посочи дека од оваа перспектива не е ни зачудување една  информација која што излезе пред неколку години кога се случи фамозниот  Француски предлог, да сакаат обвинителите во Македонија да ги бираат.

„Така  што јасна ни е интенцијата, прво сакаат да се мешаат во внатрешните  работи и второ, кој е кредибилитетот на човекот што тоа го бара од мене.  Јас го кажав тоа, човек кој што беше сликан со пачки злато и стотици  илјади евра до него да зборува за моја оставка, изинете не е достоен за таа работа“, рече Николоски.

Николоски истакна дека во Бугарија има  една екипа од дваесетина личности кои што се обидуваат да ги расипат  пријателските односи меѓу Македонија и Бугарија и меѓу блиските  македонски и бугарски народ.

Дваесет политичари и историчари од Бугарија успеваат да ги уништат тие  односи и тие односи да се на рекордно ниско ниво заради овој пристап кој  што го имаат, истакна потпретседателот на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт Александар Николоски.

Ние сме Македонци што зборуваат македонски јазик, имаат своја култура и не може Бугарија да ни кажува кој сме и што сме

Николоски посочи дека во Бугарија апсолутно имаат со кого да раговараат, ама тоа не се овие дваесет луѓе кои што предизвикуваат проблеми и за Македонија од кои десет се политичари кои што тонат и десет се историчари кои што не можат да се пронајдат сами себе.

Ќе има нови ветришта во бугарската политика, дефинитивно, затоа што седум неисполнети и неуспешни изборни циклуси многу кажуваат.

Осврнувајќи се на писанијата што врвни интелектуалци од Бугарија ги пишуваат во колумни, Николоски истакна дека Бугарија има премиер на кој што народот името не му го знае.

„Тој што сака, ако може и овие избори да не успеат за да остане уште малце премиер. Тоа си е негов проблем, но немој да не злоупотребува нас, немој да ја злоупотребува Македонија, немој да ни прави нас, како држава, проблеми за да остане уште некој ден премиер.

Блокираа цела држава, цел народ на патот кон Европската Унија само заради внатрешни политички прашања. Недозволиво е тоа.

Ние многу јасно знаееме и кој сме и што сме. Знаеме дека сме Македонци и дека зборуваме македонски јазик, имаме своја засебна култура, историја. Тоа е тоа, нема померување од таа работа.

Ние не им кажуваме на нив кој се и никоша не сме имале таква амбиција, но оваа амбиција да ни кажуваат кои сме, каков јазик зборуваме, каква историја имаме, на на крај сега и политичари да ни бираат, ги поминува сите граници на пристојност“, рече Николоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.