Среда, 02 Октомври 2024    PDF Печати Е-пошта
Успешни 100 дена власт и исполнети многу ветувања кон граѓаните

890

Петрушевски: Успешни 100 дена власт и исполнети многу ветувања кон граѓаните и покрај тешкотиите наследени од СДС и ДУИ кои ја испразниле државната каса 

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој што истакна дека владата има успешен старт во првите 100 дена и исполни многу ветувања кон граѓаните и покрај тешкотии кои ги наследи од минатата власт СДС и ДУИ и празна државна каса. 

„Да им честитам на сите 330 илјади пензионери кои што денес на своите трансакциски сметки ги добија своите 2,500 денари зголемување, 2,500 денари ќе бидат додадени и  во мартовската пензија. Во нашата програма по која што функционираме и на која што сме ги добиле изборите и довербата од граѓаните на страна 146 детално пишува за зголемувањето на пензиите 5000 денари во првата година од мандатот. Ние ова го направивме за помалку веќе за 9 месец ако земеме дека во март следната го дина линеарно ќе бидат зголемени пензиите за 2500 денари“ истакна Петрушевски и додаде: 

„Исто така мора да имаме во предвид дека ние не наследивме држава која што успешно ја раководеле буџет кој што бил ликвиден, процеси кои што биле адекватни вклучително и во меѓународните односи па за сега да зборуваме за некакво уназадување на тие процеси. Напротив наследивме изолирана држава затворена држава затоа што од самиот старт како го прифатија францускиот предлог им укажавме и зборувавме со години дека вака на ваков начин не водат во ќорсокак во делот на интеграциските процесии„ нагласи Петрушевски. 

Петрушевски потенцираше дека минатата власт на СДС и ДУИ ја оставиле државната каса празна и заборавиле многу категории на граѓани. 

„Наследивме буџет комплетно потрошен, неисплатени плати на многу јавни претпријатија, мораме во 21 век да зборуваме за неисплатени плати но замислете 4-5 месеци луѓе не земаа плати, најдовме средства за нив, наследивме буџет каде немаше К-15 иако е обврска на државата. Вакви дупки во буџетот може да набројуваме многу еве ќе ги споменам спортистите кои што беа заборавени, беа укинати ваучерите немаше средства во буџетот за поддршка за околу 10 милиони на спортистите така што од таа стартна точка имавме успешни 100 дена влада“ потенцираше Петрушевски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.