|
||
| Бог се јави - Богојавление - Водици |
|
Богојавление - Водици Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јордан, Данчо, Јорданка, Данка, Даница, Јован, Јованка...) Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат крст во некоја река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година. Водици или Богојавление е денот на кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19-ти јануари. Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Празникот се нарекува и Богојавление бидејќи со чинот на крштевањето Бог јасно и конечно се пројавил како Света троица, Отецот, Синот и Светиот дух. Верскиот празник се одбележува во цела Македонија, а Една од најмасовните е манифестацијата во Охрид и Централното одбележување во Скопје. Водици се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20-ти јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици.
Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат Бадник, Божик и Нова Година (Василица). Бог се Јави! Навистина се јави! |