|
||||
ОМД е посветен на унапредување на интересите на Македонија и македонците во САД (Фотографии) |
Недела за креирање пријателства и интереси за Македонија на Капитол Хил- Силен старт за ОМД во 2025 г. Паралелно со oрганизација на неколку настани на Флорида, ОМД официјално ја започна својата Недела за креирање на пријателства и претставување на Македонските интереси во Вашингтон, САД, со продуктивни состаноци и дискусии на Капитол Хил. Тимот, предводен од членови на Бордот на ОМД, Даниел Гарен и Филип Јотевски, Вишиот глобален офицер за политика и застапување, Емили Абрамчик, и Жесиел Круз Кордеро, Практикант на ОМД за меѓународна политика и дипломатија на ОМД, оствари средби со канцелариите на влијателни американски претставници, вклучувајќи ги Џон Џејмс, Френк Мрван, Деби Дингел, Том Барет, Нели По, Роб Брејншехан, Клаудија Тени, Елеонор Холмс Нортон, Роберт Б. Адерхолт и сенаторот Бил Хегерти. Тимот исто така учествуваше на меѓународната тркалезната маса за религиозни слободи при американската влада, што беше значаен момент во напорите за препознавање на значајноста на Македонија и македонскиот народ, како и направи средба во Стејт Департментот на САД со Бирото за Демократија, Човекови Права и Труд. Фокусот на состаноците беше на унапредување на односите помеѓу САД и Македонија, како и на проширување на Македонската група за пријателство во Конгресот и Сенатот на САД. Клучни иницијативи кои беа дискутирани вклучуваа договор за избегнување на двојно оданочување, промоција на Програмата за безвизен режим и официјално признавање на септември како месец на Македонско Американското наследство. Нашиот тим ја истакна важноста од зајакнување на билатералната соработка и ја нагласи виталната улога на Македонија во глобалните работи. ОМД останува на ставот за отстранување на економските и социјалните бариери помеѓу нациите, потврдувајќи дека вистинските партнерства не треба да бидат попречени од овие предизвици. ОМД е посветен на унапредување на интересите на Македонија и македонците во САД. |