|
||||
НЕЛИ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ИЗМАМЕНИ? |
Пишува Анита ГИБСОН Читајќи ја долгата листа на бенефицираните на USAID, нели се чувствувате измамени? Кој ја создаде оваа елита? Кој ги финансираше “независните“ интелектуалци, новинари, аналитичари, политички активисти, “невладини“ организации? Кој ги плаќаше луѓето што со години ни кажуваа што е правилно, што треба да мислиме, што да прифатиме, а што да отфрлиме? ЈА ГЛЕДАТЕ ЛИ СЕГА ИГРАТА? Се создаваше вештачка елита, луѓе кои од нигде-никаде станаа “влијателни“, “релевантни“, “авторитети“. Нивните кариери не беа изградени врз квалитет, туку врз странско финансирање. Медиумите купени. Активистите обучени. Јавната свест програмирана. Со години не’ убедуваа дека треба да наликуваме на нив - дека “западните вредности“ се единствениот пат, дека нашата традиција, нашиот начин на живот, нашите корени се застарени и треба да се менуваат. СЕГА ГЛЕДАТЕ ЛИ КАКО НÈ ПОТКОПАА? Ни го разградуваа општеството одвнатре. Го менуваа ткивото на општеството. Ни создаваа економска зависност - преку грантови, невладини проекти и финансирани “експерти“. Ги насочуваа медиумите - од кои “автоматски“ доаѓаа истите наративи со кои ни го переа умот од позиција на авторитет! Ги моделираа младите генерации - новинарите, интелектуалците, политичките “аналитичари“, кои од нигде-никаде добиваа платформи за да “мислат за нас“. И што добивме? Народ кој не знае што е вистина, што е лага. Народ кој не гледа дека целата оваа структура работеше не за нас, туку за нив! Дали тоа е демократија? Демократија ли е кога ти наметнуваат туѓи вредности? Кога ти ја бришат историјата? Кога ти ја менуваат културата под изговор на “прогрес“? ТОА Е ИСТО КАКО ГМО! Тие не промовираат природен развој - туку нè програмираат! Нè менуваат! Создаваат вештачка, модифицирана нација, нација која нема свој правец, туку само следи команди. ШТО ПРАВИМЕ СЕГА? Ги отвораме очите! Го проучуваме списокот на бенефицирани. Ги идентификуваме медиумите одговорни за платениит наратив и ги отфрламе! Одбиваме да бидеме манипулирани. И, најважно од сè - никогаш повеќе да не дозволиме да нè убедуваат дека сме “застарени“ или “глупави“ затоа што размислуваме со своја глава, затоа што гаиме свои традиции, култура и вера. Ние никогаш не бевме проблемот. Ние бевме нормални! Тие само сакаа да нè убедат во спротивното. |