Сабота, 06 Септември 2025    Печати
Политиката на Бујар беше распродавање на македонските интереси по секоја цена
1uv5 copy
 
Политиката на Бујар беше распродавање на македонските интереси по секоја цена, сега глуми загрижен за евроинтеграциите кои се отежнати поради него, СДС и ДУИ

Бујар Османи како “претседател” на пола свет, не успеа да направи ниту еден чекор напред за влез на државата во ЕУ, туку напротив, ги распродаваше името, јазикот и идентитетот, заедно со Заев, Филипче, Пендаровски, Ахмети и на ним слични.

Политиката на најкриминалната Влада во историјата на Македонија, на СДС и ДУИ, беше да се удоволуваат потребите и барањата на Бугарија, со цел да останат ден повеќе на власт.

СДС и ДУИ, газеа врз достоинството и почитта на државата, и мислеа дека така ќе ги освојат симпатиите на народот, којшто на минатите избори ги испрати во историјата.

Погубните политики за Македонија завршија. Сега ВМРО-ДПМНЕ гордо ја претставува државата во светот.