Четврток, 11 Декември 2025    Печати
Целата оваа драма околу мигранти е само уште една епизода од серијата „СДС против сопственото минато“

1aa-MN copy copy copy copy

Венко Филипче денес протестира против нешто што самиот го поддржал вчера.

Човек кој гласал за документација на прифатен центар во Бардовци сега се појавува како пророк против мигрантски кампови. Тоа е политички театар во кој главниот актер глуми улога против сопствениот сценарио од 2018.

Во „Службен весник на Република Македонија“, од 26.01.2018 година, број 16, страница 189, точка 1.6, недвосмислено стои:

„Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.“

Овој акт е донесен на седница на Владата во која учествувал и Венко Филипче. Со други зборови: единствениот актуелен политичар кој има официјално документирано учество во процес поврзан со изградба на прифатен центар е токму Венко Филипче. Иронијата е толку силна што веќе станува политички жанр сама за себе.

Да не беше силниот притисок од ВМРО–ДПМНЕ во тоа време, денес можеби Македонија навистина ќе имаше активен мигрантски центар. Тоа е политички факт кој не може да се избрише.

И декларацијата, и протестите, и целата вештачки креирана паника околу мигранти служат за едно, да се покрие минатото на Владата на Заев и Филипче и да се одвлече вниманието од нивните катастрофални одлуки, пропусти и политички слабости.

Ваквото однесување на Венко Филипче и СДС личи на онаа стара поговорка: „крадецот вели – држете го крадецот.“