Четврток, 22 Јануари 2026    Печати
Кој ја руши (струшената) СДС, Петре Шилегов или Заев и Филипче?

2b6af5c1-ecbc-4669-af07-07edbf6630df

Венко Филипче и неговата СДС, преку прес-конференции и јавни изјави, упорно ја туркаат тезата дека ВМРО-ДПМНЕ наводно преку Петре Шилегов ја „рушело“ СДС.

Па, да одиме по ред.

Кога СДС зборува за „рушење“, логично е да се постави прашањето: што точно, всушност, би рушела ВМРО-ДПМНЕ?
Партија која очигледно се распаѓа одвнатре?
Или можеби „ѕидовите“ зад кои со години се криеја криминал, корупција и валкани пари – свесни дека доаѓа моментот кога и самото членство ќе побара радикална пресметка со ваквата СДС?

Последното „рушење“ – ѕид во кој судија криел 350.000 евра кеш, ја разоткри суштината на системот што СДС го градеше со години.

Прашањето што граѓаните секојдневно го поставуваат е едноставно и болно: зад колку уште ѕидови се кријат еврата украдени за време на нивното владеење?

Колку ѕидови треба да се урнат за да се најдат парите што требаше да значат: повисоки плати, нови детски градинки, болници, железници, патишта, автопати, поддршка за земоделците, да не заминуваат наши граѓани со полни автобуси во еден правец...?

ВМРО-ДПМНЕ нема ниту потреба, ниту интерес да се меша во внатрешните проблеми на СДС, тоа е нивна внатрешна работа и нивна политичка одговорност, на која чесното членство на СДС со право очекува одговор.

Но, бидејќи СДС и Филипче по секоја цена се обидуваат да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ, мора да се постават неколку логични и непријатни прашања.

-Како измислија дека токму Петре Шилегов „работи“ на рушење на СДС, кога е јавна тајна дека Венко Филипче во минатото беше советник на министер од ВМРО-ДПМНЕ? Многу чесни и искрени членови на СДС отворено се сомневаат дека токму Филипче е „инсталиран“ да ја руши СДС одвнатре?

-Како е можно за толку кратко време сите што не мислат како Филипче – од внатрепартиски критичари и поранешни функционери, до разочарани членови – преку ноќ да станат „луѓе на ВМРО-ДПМНЕ“?

-Дали навистина целата СДС е преполна со „вмровци“ ?

-Зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го „рушела“ Филипче преку Шилегов, кога токму СДС, под водство на Заев и со Филипче како главни столбови, ја донесоа партијата до историски порази и стана трета на државно ниво, а во Скопје – петта. Таков резултат не го прави политичкиот противник, туку сопственото раководство.

Рушење на СДС дојде како последица на низа афери и погрешни политички одлуки што со години ја нагризуваат довербата кај граѓаните:


– аферата со златните визи и сомнителните врски со странски бизнис-елити;
– договорот со Грција и продажбата на уставното име;
– договорот со Бугарија и прифаќањето понижувачки услови;
– имотите во Дубаи, со сериозни прашања за потеклото на капиталот;
– случајот со болницата „Жан Митрев“, во време на пандемија;
– судството кое, наместо столб на правдата, стана симбол на скриени пари;
– здравствениот систем кој под Филипче беше синоним за хаос, скандали и недоверба, а не за реформи.                                                                          -Местењето тендери во четири очи;....

Сето ова не го откри ВМРО-ДПМНЕ. Го открија реалноста, урнатите ѕидови, сведоците, документите и тежината на фактите.

Кога една партија ќе почне да ги гледа сите околу себе како непријатели, тоа не значи дека некој ја руши – туку дека таа одамна се распаѓа одвнатре.

На крајот, и на ВМРО-ДПМНЕ, и на граѓаните, им е потребна реформирана, сериозна и конструктивна СДС како опозициска партија – за Македонија да НЕ живее повеќе во политика на „рушење“, туку во држава без ѕидови полни со украдени пари.

„Како претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ: Ние Ветераните се гордееме со сработеното на нашиот Претседател Христијан Мицкоски, кого првпат го избравме на Конгресот во Валандово за претседател а денес премиер на Владата на Република Македонија кој пред целата јавност покажува државничка одговорност – не само со меѓународните настапи а во моментов во Давос, туку и со тоа што во „пет до дванаесет“ ја спасува државата од антимакедонско владеење, распродажба на националните интереси и од лоповлукот без граници што го одбележа периодот на владеење на СДС предводена од Заев и Филипче.“

„Претседателе Мицкоски, честитки најнапред до тебе, а потоа и до целиот твој тим за сè што досега го направивте. Особено за твојот ангажман Македонија повторно да биде држава со која ќе се гордееме – онаква каква што ти ја замислуваш, а каква што граѓаните ја заслужуваат.“

Мане Јаковлески, Претседател на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

16-veterani 38 copy copy copy copy copy copy copy copy copy