Понеделник, 26 Јануари 2026    Печати
Кога немаш одговор за милионските криминали, отвораш тема за часовникот на Мицкоски?

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Кога немаш одговор за милионските криминали, отвораш тема за часовникот на Мицкоски?

Токму тоа го прави СДС – партија која зад себе остави траги од финансиски скандали во речиси секоја институција што ја допре, сега одлучи да ја „открие“ вредноста на часовникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како најголем проблем во државата.

Очигледно, во недостиг на идеи, визија и кредибилитет, СДС смета дека јавноста има кратко паметење. Или уште полошо – дека граѓаните не прават разлика меѓу чесно заработено и сомнително стекнато богатство.

Фактите, сепак, се тврдоглави.

Не е никаква тајна дека Христијан Мицкоски, пред да влезе во политиката, работел во приватниот сектор, конкретно во енергетиката, каде соработувал со реномирани светски компании.

Уште поважно – од моментот кога влегува во политиката, тој прекинува со било каква приватна бизнис активност. Нема фирми, нема тендери, нема скриени договори, нема офшор дестинации. Сè е транспарентно, проверливо и јавно достапно.

И тука доаѓаме до вистинската споредба што СДС очајно се обидува да ја избегне.

Од едната страна е човек кој заработувал пред политиката и престанал да заработува од бизнис во моментот кога влегол во јавна функција.
Од другата страна се Венко Филипче и Зоран Заев – хирург и земјоделец од Муртино – кои пред политиката беа просечни граѓани, а по владеењето на СДС се претворија во мултимилионери.

Куќи во елитни населби како Нерези.
Станови и згради во Дубаи.
Акции во индиски авиокомпании.
Фирми дома и во странство со нејасно потекло на капитал.
Луксузни автомобили како „подароци“ од компании што добивале државни тендери.
Проценти, провизии, договори – сè освен чесно објаснување.

И сето тоа – токму за време или по нивното активно политичко дејствување.

Ова е суштинската разлика која СДС сака да ја замагли со евтини соопштенија и спинови. Разликата меѓу човек што заработил пред политиката и луѓе што се збогатиле со помош на власта.

Затоа, кога СДС зборува за морал, јавноста со право се прашува: каде се тие морални стандарди кога контролите откриваат милионски дупки, кога по секоја ревизија е нова афера?

Наместо да гледаат во туѓи раце, нека погледнат во сопствениот двор и нека бројат кривични пријави.