Актуелно
Понеделник, 19 Април 2021 08:30    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски : Еве го Пендаровски, бекна, потпиша сѐ што му нареди стопанот

121321

Сакаше да биде сатиричен, а испадна смешен.

Претседателе Пендаровски, погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење, не бекање за националните теми меѓу кои и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот. Грмење за тоа што ја доведовте Македонија во подредена положба заедно со стопанот.

Што се однесува до времињата кога една партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија, можам да Ви кажам добредојдовте во 2021 година, или да бидам попрецизен, денес не партијата на власт, туку вашиот стопан е полицаец, обвинител и судија.

Следниот пат наместо да плачете на медиуми зошто сме лидери според корупција, криминал во Европа, додека балкански нарко босови шетаат со македонски пасоши и марихуана е главен бизнис во државата, БЕКНЕТЕ нешто, зошто ни ја снемува државата. И да... одговорност ќе има, порано или подоцна, јас Ви ветувам!

П.С. Добро е што барем законите за помошта на граѓаните и стопанството ги потпиша, а не само тие од 32 седница!

#ИднинатаЕНаша
#МакедонскаПролет

 
Недела, 18 Април 2021 18:16    PDF Печати Е-пошта
Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април!

1Hristijan Micko

Претседателе Пендаровски доста се криеш бекни нешто, Заев е заложник на Џафери, ама ти имаш можност да не ги потпишеш законите и да докажеш дека си достоен на функцијата

Повеќе...
 
Недела, 18 Април 2021 10:38    PDF Печати Е-пошта
Со кого Седат Пекер имал средби во влада и зошто не е протеран во Турција каде се бара со потерница, Зошто Заев и Спасовски молчат

afera-mafijaСо кого Седат Пекер имал средби во влада и зошто не е протеран во Турција каде се бара со потерница, Зошто Заев и Спасовски молчат!

Повеќе...
 
Сабота, 17 Април 2021 21:37    PDF Печати Е-пошта
Седат Пекер го бара Турција, а Спасовски не?

Заев да каже со кои лица имал тајни средби мафијашот Седат Пекер во зградата на Владата

Повеќе...
 
Сабота, 17 Април 2021 08:39    PDF Печати Е-пошта
Марија Андоновска : Има ли оваа власт купено бар еден медицински апатат а да не е донација!?
171541 Марија Андоновска
 
Ви текнува колку медицинска опрема и апарати се купија за сите болниците низ државата во "време на ВМРО"!? А сега што!?
 
Повеќе...
 
Петок, 16 Април 2021 22:45    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски : Ќе го поддржиме протестот на уставобранителите, тие не се терористи

1HM16042021

Христијан Мицкоски : Ќе го поддржиме протестот на уставобранителите, тие не се терористи

Повеќе...
 
Петок, 16 Април 2021 17:03    PDF Печати Е-пошта
Страшо Ангеловски : Зошто Македонија се урива одвнатре ???

 
Република Македонија, како и целиот свет, се соочува со кризата предизвикана од Kоронавирусот. И додека останатите држави, која повеќе која помалку, која поуспешно која понеуспешно, се справуваат со кризата, Република Македонија е на дното на европските држави и некаде меѓу последните на светско рамниште во справувањето со ова зло.

Зошто е тоа така, може да се набљудува од три аспекти:

1. Заради крајната неспособност на оние кои се одговорни за справувањето со оваа опасност, тргнувајќи од Заев со неговите „ваксајнси“, преку Филипче како најуспешен портпарол на Министерството за здравство, па се’ до на пример, Стојанче, кој уште не знае дека вирусот не е керамида за да се крши со празна глава…

2. Заради криминалното однесување на оваа гарнитура на власт што е генерална карактеристика на целиот период од нејзиното владеење, а се опишува со само еден збор – профит. Овојпат, во време кога по три-четириесет луѓе секојдневно умираат од вирусот, кога исто толку семејства се завиткуваат во црно, кога илјадници дневно се разболуваат без извесна здравствена иднина, тие, како најмонструозни воени профитери, преку специјално за таа намена формирана фирма, се обидоа од набавката на вакцините (нивната ефикасност не е тема на овој текст) да заработат околу 6 милиони евра.

3. Многумина веќе говорат дека оваа гарнитура на власт, покрај неспособноста и желбата за воено профитерство, дури и намерно ја држи Република Македонија во перманентна здравствена криза како заложник во нивната болна потреба за уште малку власт и довршување на агендата за разнебитување на македонската држава. Па така, користејќи ги заканите како оружје и стравот од болеста како орудие, го оневозможуваат организираниот отпор на народот кој е веќе до точка на вриење и си купува уште ден, месец, година власт. Можеби некој ќе рече дека е ова еден вид убиство со умисла на сопствениот народ и дека е премногу дури и од човекот кој монструозно си поигра со чувствата на сите во случајот со убиствата на момчињата на Смилковско езеро, но само сетете се на Нерон, на Хитлер, на Пол Пот…
Истовремено, Република Македонија го живее периодот на една од најтешките економски кризи, чиј „пик“ допрва се очекува. И додека Заев и компанија се развозуваат со скапи мотори со обезбедување платено од заедничкиот Буџет, се „разлетуваат“ со државниот хеликоптер како Чаушеску на својот последен лет, болните по пет часа се носат на раце низ снегот, шеесеттина илјади луѓе останаа без работа и исто толку семејства без егзистенција, туристичкиот и угостителскиот сектор се во колапс и сите системи на државата еден по еден откажуваат – здравствениот, правосудниот, одбрамбениот, безбедносниот…

И повторно и оваа криза, економската, може да се набљудува од три аспекти:

1. Заради „скудноста во главите“ на владејачката гарнитура која е неспособна да се справи со економските предизвици, бидејќи државата не е ниту невладина организација штедро напојувана со странски пари, ниту зелено пазарче на кое ќе ги продадете скапаните пиперки сокриени во внатрешноста на вреќата. Со еден збор , државата е премногу сериозен комплекс на системи кои бараат непрекината посветеност, а не секојдневни медиумски лаги и измами.

2. Заради криминалот кој е навистина единствената стопанска гранка што цвета. Заради корупцијата што достигна невидени размери, заради дрогата што ги труе нашите деца, и конечно, заради домашната и светска мафија која си доби своја држава. Имено, сите домашни и светски криминалци со фотографии споделени по социјалните мрежи во друштво со Заев и компанија ја докажуваат блискоста со оваа Влада, блискост купена со криминални пари.

3. И повторно, веќе се шпекулира дека оваа гарнитура на власт намерно го прави сето ова. Намерно ги растура сите системи во државата, правосудниот, безбедносниот, одбрамбениот… Намерно безмилосно ограбува, брутално го празни Буџетот и бескрупулозно ја задолжува државата, за да после нив остане потоп. За да се растури државата и да не останат институции пред кои тие ќе треба да одговараат за сите свои злосторства. Злосторства кои со леснотија ги изведуваат, со леснотија ги прикриваат и со леснотија ги релативизираат кога ќе бидат втерани в ќош.
За жал, сето ова ја направи државата нефункционална до ниво на можен распад, до ниво на потреба „душегрижниците“ од „меѓународната заедница“ да почнат да нудат „длабоко обмислени“ решенија за Македонија како за недовршена приказна од поранешната СФРЈ.

И воопшто не е битно дали словенечкиот премиер Јанез Јанша навистина испратил Нон-Пејпер до ЕУ со предлог БиХ и Македонија да се поделат по етнички граници, или неговото име е злоупотребено за да биде пуштен пробен балон за да се видат реакциите на ваквиот предлог. Битно е дека некаде зад кулисите, оние кои ги движат конците на куклите, се’ уште и ова решение го имаат како опција.

Токму затоа треба да се потсетиме на Тиранската платформа која Заев без милост кон сопствениот народ и сопствената држава ја води кон целосна реализација. Притоа, ќе потсетам на нешто што уште од пред десеттина години сум го напишал барем десеттина пати. Ќе потсетам на барањето на албанскиот историчар Кочо Данај, соработник на Сали Бериша, Илир Мета и Еди Рама, кој објавувајќи ја книгата „Платформа за Природна Албанија“ горливо се залага за голема Албанија.

Најкусо кажано, покрај присоединувањето на Косово, делови од Црна Гора, Чемерија и Јужна Србија, неговата заложба е федерализација на Македонија со промена на државното име во „Северна Македонија и Источна Албанија“, што би значело бинационална држава, наместо национална држава на македонскиот народ уредена како мултиетничко општество. Таквата бинационална држава би значела крај на унитарноста на Република Македонија, што според него, би довело и до распад на државата. И сето ова, според него, би се случило после целосната имплементација на Тиранската платформа.

Многумина ќе речат дека ова се веќе одумрени националистички идеи кои не може да се реализираат, но… За жал, во политиката не постојат случајности, па така ниту поклопувањето на тезите на Кочо Данај со наводниот Нон-Пејпер на Јанша (или добро осмислениот пробен балон), не може да биде случајност. А, после влезот на Република Македонија во НАТО, државава стана целосно неотпорна на можни поделби или распад. Имено, таквите процеси би биле прикажани како внатрешна работа на земји членки на НАТО и секој обид однадвор да и се помогне на Република Македонија, според членот 5 од Статутот на НАТО, би се сметал како напад врз сите земји членки на Алијансата и како таков речиси и невозможен.

За жал, се’ што прави Заев и оваа гарнитура на власт – од уништувањето на системите за безбедност и одбрана, бришење на македонскиот идентитет преку договорите со Атина и Софија, до целосна реализација на Тиранската платформа, ја прави Република Македонија податлива за реализација на овие сценарија. Македонскиот народ има обврска на секој можен начин да се спротивстави и да ги оневозможи ваквите сценарија. Додека навистина не биде доцна.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПре

 
Петок, 16 Април 2021 12:48    PDF Печати Е-пошта
Протест на ВМРО-ДПМНЕ во сабота во 11.30 часот, пред министерството за здравство

189123

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во сабота пред МЗ, оставка на Филипче за спас од неспособноста која убива

Повеќе...
 
Четврток, 15 Април 2021 21:27    PDF Печати Е-пошта
Мафијашот Вукотиќ, под лажен идентитет од Македонија, купил фирма во Бугарија

Мафијашот Вукотиќ, под лажен идентитет од Македонија, купил фирма во Бугарија од опфатен во аферата со марихуанаМафијашот Вукотиќ, под лажен идентитет од Македонија, купил фирма во Бугарија од опфатен во аферата со марихуана

Повеќе...
 
Четврток, 15 Април 2021 21:03    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски : Стопанството на колена, граѓаните беспомошни
1Hristijan Micko Христијан Мицкоски
 
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.