Среда, 02 Јануари 2019   
Александар Македонски (65)

a21Александар Македонски (65)

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА КУЛТОТ БОЖЕСТВО КАЈ ДИНАСТИИТЕ ПО СМРТТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Античката идеја за длабока почит спрема човекот со натчовечки достигнувања како божество беше воведена од Александар Македонски многу силно и без грешка од кога и да е порано. Последицата беше таа што кај наредната генерација по неговата смрт, античките Грци беа повеќе од кога и да е склони да покажат божествена почит во различни форми и степени кон луѓето кои направиле големи дела за нив, особено кон оние што ги еманципираа или едноставно ја прокламираа нивната еманципаиија.

Познатите примери покажуваат колку силни станаа овие идеи во античкиот свет по смртта на Александар Македонски како последица на неговата акција. Меѓутоа, ниеден од неговите директни наследници, ниту Птолемеј, ниту Селеук I, не бараше божествена почит за себе.

Првиот чекор за култ кон елинистичкиот крал беше прифатен од Птолемеј II Филаделф. Веројатно повеќе за да го покаже престижот на својата династија отколку од религиозни потреби, по смртта на својот татко, тој направи свој државен култ како „божествен спасител", а исто така беше организатор и на големи прослави кои мораа да се одржуваат секоја четврта година и да се слават низ целиот антички свет.

Подоцна, кога почина неговата мајка Береника, тој ги спои своите родители во култот како „божествени спасители". Исто така, кога неговата сестра и нејзиниот сопруг Арсиное II умреа во 270 година, тој формира државен култ кон неа како „божествена Филаделфа" (таа која го сака својот брат). Дотогаш само покојни членови на династијата беа воздигнувани на степен на божество, a врз основа на тоа што божеството го „отстранува" покојството, кралот го воспостави култот.

Сега Филаделф презеде решавачки чекор во напредувањето; создаде државен култ кон себеспасителот и кон својата мртва сестра, под името „божество брат и сестра". Така, беше отворена вратата за идниот развој на птолемејскиот култ кон кралот. Од третиот Птолемеј наваму, кралот и неговата сопруга, веднаш штом ќе извршеа значајно дело во својот живот, добиваа заслуга како божество.

aa21Култот на Митрас

Големите епитети на култот на овие Птолемејци, што Египќаните тешко можеа да ги репродуцираат во својот јазик, покажуваат дека овој култ на елинистичкиот крал е од чисто античко грчко потекло. Сотер (Спасителот), Еуергет (Добродетелот), Епифан (Богојавувачот) се поими на античката грчка религија. Култот, меѓутоа, како што погоре беше речено, имаше значење не само за античките Македонци и античките Грци, туку и за Египќаните.

Овие апотеозни Птолемејци, како соединение на богови, не беа соединети само со античките грчки богови, како Александар од Александрија, туку и со главните богови на египетските државни простори. Така, свештеници на Ис од островот Фила беа богови на Ис и на апотеозните Птолемејци. Култот ги обединуваше сите потчинети, без разлика на расата на која и припаѓаа. Може да се забележи религиозиа политика во чинот на воспоставувањето на култот кон Сарап за античките Грци и Египќаните што го направи Птолемеј I.

Примерот на Филаделф наскоро беше следен од Селеукидите, но формата на апотеозата беше различна според карактерот. Додека култот несомнено им беше даван само на мртвите, првите кралеви беа споредувани со определени богови. Така Селеук I, како Бог, беше опишан како „Селеук Зевс Никатор" (Освојувачот), а неговиот син Антиох I како „Антиох Аполон Сотер" (Спасителот). Но, култот на кралот не беше едноставно организиран во земјите на Селеукидите, како што беше во високо централизираното кралство на Птолемејците.

Изгледа античките градови имаа свои епонимички свештеници, додека во намесништвата на чело на култот стоеја архисвештеници. Невозможно е да се оди во натамошни детали околу различните форми на кралскиот култ во различни кралства, но неопходно е да се потенцира дека во Античка Македонија култот никогаш не беше признат.

aaa21Култ во Египет

Ова веројатно се должи на едноставниот и обичниот карактер на Антигон Гонат, но пред се’ на карактерот на македонскиот народ, кој, како што се гледа од случајот на Александар Македонски, беше сосем непријателски настроен кон овие антички грчки поими. Во источните подрачја кралскиот култ стави силни окови околу кралот и луѓето. Иако култот не може да се надомести со недостатокот на национално чувство, сепак ги обедини сите потчинети со длабоко почитување кон кралот како божество и создаде духовно единство во центарот во кој стоеше кралската куќа.

Овие елинистички кралства, чија просторна позиција едно до друго овозможи извесна рамнотежа во политичката ситуација на источниот медитерански свет, можеа успешно да им се противстават на Римјаните, доколку заедно ја задржеа својата значајна воена моќ и ако посветеа внимание на светската сила што се зајакнуваше на Запад.

Наместо тоа, преку континуирано соперништво, обично со отворено војување, тие се ослабеа меѓу себе, па така со успех беа голтнати од Римската светска империја. Така, овие големи монархии не успеаја да влијаат врз развојот на Римската империја, а идеите што потекнуваа од времето на Александар Македонски повторно беа актуализирани и реализирани во римската историја.

Во втората половина на третиот век пред н.е., кога елинизмот навлезе во Рим и рапидно се прошири во образованите кругови, брилијантната слика за светскиот освојувач Александар Македонски влијаеше и врз римското општество. Римајните беа оние што на Александар Македонски му ја дадоа титулата „Велики" (Магнус). На античките грчки историчари им беше оставено да направат споредба меѓу Александар Македонски и големиот Сципион Африкански, покорувачот на Ханибал и основачот на Римската светска империја.

aaaa21aaaa22

Сципион и Александар

Тие го направија Сципион син на Јупитер Капитолинус, и му ја Пренесоа легендата за Александар Македонски дека е потомок на божја змија. Меѓутоа, за овие поими жестоко се расправаше и во римското општество. Подоцна светлата слика за Александар Македонски во римската литература беше затемнета со непријателско омаловажување.

Се’ уште мошне важен момент е тоа што светската империја на Александар Македонски и кралствата на Дијадохите влијаеја врз конечните планови на диктаторот Цезар. Co освојувањето на Галија, Цезар ги прошири границите на Римската империја до Атлантскиот Океан и Северното Mope. Кога по поразот на Птолемеј, неговите соборци го поставија за господар на империјата, Цезар планираше голем поход, првин против кралството на Гетите и Дакијците на реката Дунав, а потоа против Партијците, кои во тоа време владееја од реката Еуфрат до границата на Бактрија, каде што Индо-Скитијците ја држеа управата.

Co припојувањето на оваа империја кон Римската империја би се создала светска империја, слична на онаа што беше крајната цел на Александровите последни намери. Дека кај Цезар не беше единствен израз одмаздата за поразување на Крас, е прикажано во изјавите на неговите планови за поход. Co оваа војна, која требаше да биде војна со шеснаесет легиони, навистина имаше намера да го заврши освојувањето на светот.

По покорувањето на Гетите и Дакијците, намерата на Цезар беше да ја покори Партијанската империја во правец кон Мала Арменија, а очигледно со намера да ја освои целата империја, бидејќи, како што вели Плутарх, по освојувањето на Партијците тој мислеше да се врати низ Хирканија што беше припоена кон Индо-Скитијанската империја.

Понатаму, тој имаше намера да тргне по должината на Касписко Mope, за кое тогаш се претпоставуваше дека е залив на океанот, и по преминувањето на планината Кавказ да продолжи по должи-ната на Црно Mope, да ги покори земјите на европските Скитијци, да ги нападне Германците одназад, да ја прегази нивната земја и повторно да влезе во Италија од кај Галија. Co тоа, како што покажуваат изворите, тој би го заокружил римскиот глобус „така што империјата би била заокружена со океан од сите страни".

Иако е веројатно, овие зборови одново ги репродуцираат идеите на Цезар, сепак тој би се нашол по стапките на Александар Македонски, кој толку многу пасионирано го бараше океанот на исток како граница на својата светска империја. Нема сомнение дека овие партијански планови на Цезар не случајно се совпаѓаат со плановите на Александар Македонски.

Цезар уште од својата младост беше голем љубител на Александар, постојано го имаше пред себе и него и неговата светска империја. Темелно различни беа овие две надарени природи: на многу постариот диктатор му недостасуваше нагонот на младиот освојувач, но сепак тие дојдоа значително блиску еден до друг со финалните планови. He беше судено плановите на Цезар да се исполнат повеќе од оние на Александар. Три дена пред да тргне во пресрет на својата војска, Цезар беше убиен од заговорниците.

Римската светска империја не можеше постојано да биде управувана според формите на Римската република. Ова беше потврдено во историјата од претходните децении, во кои републиканската конституција се докажа како поадекватна на потребите на светската империја, најголемата империја што дотогаш беше создадена.

aaaaa21Монархистичките аспирации на Цезар можат да се објаснат со условите на Рим во тоа време. Но, тој не можеше да ја формира својата монархија врз римските традиции. Дури и силната позиција што ја имаше кратко пред својата смрт како диктатор, со што всушност, ја укинуваше републиката, не беше во состојба да го задоволи. Која титула ќе ја земеше, доколку живееше подолго, многу е спорно прашање.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев

Мицкоски: Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, почна падот на Зоран Заев

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (22)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ  „РАЃАЊЕ НА СВ. БОГОРОДИЦА“ В...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (19)

ЕСМИНИ ТУРНЕИ НА МУЗИЧКИТЕ СЦЕНИ ШИРУМ СВЕТОТ

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (5)

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ЦЕРЈЕ“ КАЈ СЕЛОТО ГОВРЛЕВО, СКОПСКО И ЛОКАЛИТЕТОТ „КОКИНО“...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.