Среда, 16 Јануари 2019   
Александар Македонски (67)

A1

ТРГОВСКИТЕ ПАТИШТА ЗА ВРЕМЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И РИМСКАТА ИМПРИЈА

 A2

И овој пат, во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го претставиме делот како Прилог на романот „Александар Македонски“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken - ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“  од авторот на овие редови, Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија на македонски јазик во Република Македонија и беше добро прифатен пред триесетина години.

Во економските работи Исток и Запад до Александар Македонски беа еден до друг, како два круга кои имаа контакт и заеднички одос, но во целина формираа две суштини. Веројатно во вториот милениум Кританците, кои не беа антички Грци, имаа заеднички трговски зделки со Исток, а преку просторот на Крит одвреме-навреме пристигнуваа и ориенталските производи во Античка Грција. Потоа, во почетокот на првиот милениум феникијските трговци дошле кај античките Грци и им ги изложиле своите ориенталски стоки, a no морскиот брег отишле се до Шпанија.

Веројатно и феникијските колонии на западниот дел на Мала Азија, каде што се сечеа двата круга, имаа трговски зделки со народите зад себе, иако под персиска власт во помала мера отколку претходно под Лидијанците. Освен тоа, со поставувањето на темелите на Наукрат во делтата на Нил под заштита на Фараоните на Саитичката династија, омилената странска стока овозможи да се создадат директни комерцијални односи со Египет. Но, тоа беше исклучок античките грчки трговци и занаетчии да навлезат длабоко во Азија. На сирискиот морски брег немаше ниедна античка грчка колонија; крајбрежните градови во Мала Азија беа единствените краеви на трговските патишта кои доаѓаа од Далечниот Исток и кои беа во античко грчки раце.

Ова се измени во моментот кога Александар Македонски ја покори цела Блиска Азија се’ до делтата на реката Инд и Египет до првиот катаракт на Нил. пространи предели беа отворени за античката грчка претприемчивост, неограничени простори со суровини и пазари. Освојувањето не беше цел сама за себе, туку Александар Македонски промислено го зеде во свои раце отворањето на своите освоени народи кон античката грчка економија, а неговите наследници го следеа неговиот пример: целосно ја презедоа неговата економска политика и енергично ја спроведуваа.

A3

Во војните на Александар Македонски беа отстранети претходните економски бариери меѓу Исток и Запад и наредните генерации илјадници антички грчки трговци и занаетчии навлегоа во новиот свет да ја бараат својата среќа во новите градови кои никнуваа како печурки по дожд. На овој начин двата претходно одвоени круга се слеаја еден во друг и формираа еден единствен економски круг.

Кога западниот Медитеран беше привлечен кон орбитата на големата револуција што се појави на Истож, се создаде светска трговија, која го опфати целиот населен свет и се прошири од Шпанија до Индија и зад тоа до централна Азија и Кина. Овој развој беше довршен само под Римската империја, но основите за тоа беа поставени со освојувањето на Азија од Александар Македонски. Економските резултати на Алек-андровиот подвиг се речиси исти како и откривањето на Амсрика.

Доколку имаме намера подетално да ја насликаме оваа кратка скица на главниот тек на развојот, нас постојано не оневозможува фрагментарниот карактер на изворите, со исклучок на случајот со Египет. За Селеукидите преданието е особено оскудно. Заклучено е дека тие беа колонизатори во голема мера, кои го следеа примерот на Александар и дури го надминаа.

Мотивот на нивната политика беше претставен како желба да привлечат колку што е можно повеќе антички Македонци и антички Грци во својата земја. Но, тука мора да се назначи дека голем број од новите градови беа направени со цел да служат за целите на трговијата. Тие, според тоа беа изградени по должината на големите трговски  патишта,  преку стариот премин  во Азија, како што беше случајот со Селеукија на реката Тигар, првиот главен град на Селеук I и местото каде што се среќаваа трговските патишта од Запад и од Далечниот Исток.

A4

Овој град, што Момсен го нарече наследник на Вавилон и претходник на Багдад, наскоро стана еден од првите трговски градови во светот. Кога поради политички причини Селеук потоа се пресели уште кон запад во Антиох, што го изгради на реката Оронт во северна Сирија, неговата главна грижа беше да го поврзе Антиох со своето пристаниште на Медитеранот, Селеукија во Пиерија, што се наоѓаше во устието на реката Оронт, да ја поврзе со големата мрежа на патишта што водеше кон Исток и да ја спои со Селеукија на реката Тигар.

Ова беше постигнато со изградба на нови патишта. На ист начин Селеукидите ги подобрија старите персиски патишта, кои водеа од Далечниот Исток низ Мала Азија до Егејскиот брег, поврзувајќи голем број нови градови. Co оваа изградба тие многу ја унапредија трговијата на крајбрежните градови во Мала Азија.

Иако наскоро Индија беше загубена за Селеукидите со формирањето на империјата на Чандрагупта, сепак прометот со Индија остана важен дел во нивната надворешна трговија. За врската со Индија тие ги имаа на располагање не само старите трговски патишта по копно, туку и морскиот пат што скоро беше пронајден од Неарх. Двата патишта беа употребувани, но морскиот пат почесто, бидејќи се појавуваа незгоди со Партијците кога се одеше по копното.

Унапредувањето на трговските односи беше направено преку дипломатски врски што Селеукидите ги имаа со Чандрагупта и неговите наследници. Мегастен отиде како амбасадор на Селеук I во Палимботра (Паталипутра) на реката Ганг, а потоа за античките Грци ја напиша најдобрата книга што дотогаш беше напишана во Индија. Извесен Даимах од Платеа исто така отиде како амбасадор во Индија, овојпат кај Амитрохат, синот и наследникот на Чандрагупта.

Исто така, имаше постојани дипломатски односи со неговиот син, Асока, кој го воведе будизмот во Западна Индија. По карактер сосема како Александар Македонски, Селеукидите ја проширија својата трговија на исток од Индија. Веќе се рече дека во деновите на Александар Македонски кинеската свила дојде до Индија. Во наредните векови Кина се повеќе извезуваше свила, а патот на свилата водеше во и низ Селеукидската империја. Така, со размена елинистичките производи стигнаа до Централна Азија и Кина, дури и подоцна кога Партијанската империја се издигна како сила.

Скоро, во Северна Монголија се пронајдени остатоци од такенини од Сирија, што се сметаат дека се од првиот век пред н.е. He без причина се претпоставува дека династијата Хан имала тесни врски со елинистичка Средна Азија. Мисијата на Патрокле на Каспиското Mope no наредба на Селеук I и неговиот син Антиох се поврзува  со   трговските   интереси   на   Селеукидите.

Нему му беше доверено да врши испитувања дали Каспиското Mope e внатрешно море или ракав на океанот, прашање што претходно Александар Македонски сакаше да го реши Хераклид. Но, како и Александар Македонски, Селеукидите имаа интереси за трговска политика, бидејќи Патрокле требаше да го испитува патот на индиските карвани, а кој одеше по должината на јужниот крај на Касписко Mope ce’ до Црно Mope.

Toj немаше многу среќа во решавањето на географските проблеми. He отиде доволно далку кон север и затоа доби впечаток дека Каспиското Mope e ракав на океанот, грешка што Ератостен ја воведе во географијата. Но, тој напиша вреден труд за трговските патишта од Индија до Каспиското Mope и натаму до Црно Mope.

Co оваа експедиција на Патрокле, Селеукидите остварија еден од последните планови на Александар Македонски, но не ја прифатија неговата последна голема планирана експедиција, за која тој беше подготвен кога умре - обиколувањето на Арабија.

Несомнено, тие си мислеа дека нивните главни трговски ривали, Птолемејците, ќе им донесат огромна корист со врската преку море меѓу Вавилон и Египет. Наспроти тоа, тие не сакаа да се откажат од вредните мирудии од земјите на Себанците и Минанците во Јужна Арабија. Тие ги примораа Герхеанците, кои живееја на источниот морски брег на Арабија на Персискиот Залив, да испраќаат во Вавилон најмалку дел од стоките што ги добиваа од Јужна Арабија, но не можеа да го спречат ширењето кон Арабија до Петра, јужно од Мртвото Mope, а со тоа до кралството на Птолемејците.

A5

Има многу подобри информации за Птолемејската економија, отколку за Селеукидската. Бидејќи во овој век, а особено во последните педесет години, се пронајдени голем број материјали од илјадници антички грчки папирусни документи, кои не само што се однесуваат на делови од јавниот и приватниот живот, туку и на економскиот живот на птолемејскиот период и ни даваат богати информации, какви што постојат за другите земји на древниот свет.

Нашето познавање се’ уште е некако скрпено од повеќе делови. Вон некои кралски одлуки, детали за дневниот живот, главно ни откриваат овие документи и така многу општи прашања се разјаснети.

Птолемејците не ја затворија политиката за освојување на туѓи простори како Селеукидите, туку имаа за цел да ги прошират своите надворешни врски. А поседувајќи го Египет, природно најбогатата земја во светот, со помош на флота и копнена војска, настојуваа дa играат водечка улога во Источниот Медитеран.

Оваа силна ингернационална позиција се темелеше врз нивната економска и трговска политика, а во гореспомнатите проширувања нивната територијална трговија играше важна улога, ако не и најважна. Кога Птолемеј I го окупира Кипар, секако беше под влијание на фактот што овој остров поседуваше изобилие на две-три суровини што не можеа да се добијат од Египет, а тоа беа дрвен материјал (градежно дрво) и бакар.

Продолжува

c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.