Среда, 24 Април 2019   
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (6)

pajon1

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛАЦИИ 

Од антиката до денес, проучувањето на палеобалканските и егејските популации зазема значајно место во истражувањата на археолозите, историчарите и лингвистите. Историјата (расказ за познатото, истраженото), како наука, го проучува развојот на човечкото општество. Нејзините почетоци архетипски се јавуваат со првата писменост

Најстарите историски податоци ги забележале блискоисточните народи, Египќаните, Хетитите, Вавилонците и др. Тоа го направиле прво на камени, глинени и бронзени плочки, а потоа на папируси.

Првите информации за „Северните” народи (Борејците) се сочувани во египетските споменици кои датираат околу 1400 г. пред Христа каде се јавуваат имиња на народите: Дануни, Сакалаши, Шарадони и др. (Childe, 1926 г., 63, 72). Во хетитските документи за време на кралот Мурсила II (1345-1315), како и за време на египетскиот фараон Рамзес II (1317-1251), се јавуваат имињата на народите: Шеридани, Луки, Илиуни, Келикиши и Мизи. Следат податоци од Мернептах (Merneptah) (1225-1215), кој на северните граници на Египет ги победил „северните орди на целиот свет“, составени од Луки, Шеридани, Турши (Тирис, митски крал на Тракија), Акаиваши (Ахејци) и Шакалаши. (Thomson, 1954 г., 227,228)

Неколку години подоцна, 1194 г. пред Христа, Рамзес III, во Делтата Нил, ги одбил непријателските напади на „Северните“ народи, под називите: Данауни, Пелешати, Уашашаи, Такруи. Оваа победа е овековечена на натписот во храмот Мединет Хабу во Теба (Childe, 1926 г., 63, 72).

Меѓу морските народи од север, Мелаарт (1978 г., 70-78) ги набројува уште: Неохетити, Фриги и Урартруи, а Страбон (XI, 14, 527, XVI, 1, 23) и Мигдонците од околината на Нисибис. Хомер (VIII век пред Христа) во својата „Илијада“, каде опејува многу јунаци на разни народи на Балканот и Мала Азија, во второто пеење ги опишува ахејските лаѓи (484-785). Како народи ги набројува: Ахеите, Данаите, Аргеите, Минојците и др., додека во тројанските чети (786-877) ги вбројува: Пелaзгите, Дарданите, Трачаните, Пеонците, Фригите, Мисиите од Дунав, Меонците, Карците, Ликијците и др.

pajon2

Реката Дунав

Сепак, Херодот (485-424 г. пред Христа ) е тој кој како творец на првата историска композиција, во своето значајно дело „Историја“, дал попрецизни податоци за создавачите на новата култура на Балканот и егејскиот басен. Овој генијален човек го направил преминот од легендите кон историјата и неговата работа претставува не само високо книжевно, туку и историско дело. Тие значајни создавачи се: Хиперборејците, Јоњаните, Карците, Лелегите, Ликијците, Лувијците, Дарданите, Тројанците, Минијците, Хетитите, Лиџаните, Трачаните, Пеонците, Трибалите, Бригите (Фратите), Мизите, Пелазгите, Македонците и Скитите.

Судејќи според археолошките остатоци од материјалната култура, посебно од ликовната уметност и митологијата, древна Македонија имала значаен и единствен, самостоен митолошки систем. Тој содржи етнолошки, етнографски, лингвистички, историски, книжевни и антрополошки елементи, кои можат топографски да се лоцираат на географско-политичките простори на Македонија.

Овој пат ќе се задржиме на древните или античките Македонци кои припаѓаат на семејството на индоевропските народи, кои се творци на неолитската култура на Централниот Балкан во периодот меѓу 6 500 - 5 500 години п.н.е. Како проиндо-европски народ, Македонците ја населиле „Стара Европа” (Гимбутас, 1982), најпрво деловите на Средно Подунавје. Потоа, од Панонската Низина нивните племиња се доселувале на југ и го населувале теснецот на Централниот Балкан по должината на сливот на реките Бистрица, Вардар, Струма и Термајскиот Залив, кога биле создадени погодни климатски услови, по последниот леден период.

Првобитните имиња на нивните племенски организации не се познати. Од историските податоци се гледа дека нивните етноними, односно филоними (братства или племиња), најчесто се добивани од географската конфигурација на теренот, т.е. од хоронимите, како на пример: Орести-Горани, Елимеи-Криворечани, Десарети-Шумадинци итн. Потоа од занимањата, како Алмопии-Солари, Ботиаи-Сточари итн. Во етногенетската еволуција, заедничкото име им станало Македонци, а нивната татковина Македонија. Говорниот јазик на Македонците бил дијалект од палеобалканската глосологија, познат како проиндоевропски јазик на народите на „Стара Европа”.

pajon3

Егејско Море

Зборот македон е од протоиндоевропско потекло (ИЕ) и припаѓа на палеоглосологијата на Балканот (ПГБ). Етимолошки постојат две варијанти. Според прата, како сложен збор, што значи богат, блажен, среќен, добростоечки и суфиксот ар, навистина, точно. Другиот дел кеднос, грижлив, чесен, т.е. благороден. Аналоген збор во Хипербореја е во денешна Мачва во рамница меѓу реките Сава и Дрина. Зборот мачва етимолошки припаѓа на палеобалканската глосологија, каде мак е богат, имотен, а фа во фа-го е даде, храна. Овојдел е словенизиран така што к е претворено во ч, додека σ во в, па Мачва значи богата земја со храна, па и градот Богатиќ во средиштето на Мачва.

Според втората варијанта, од етимологот Мпампиниоти (1998, 1043), македон потекнува од епитетот македнос, каде зборот маки, макрос во значење тенок, висок, додека -кедон, кедонес, потекнува од зборот земја, тло, па значењето на овој збор се однесува на првобитниот топоним. Според тоа, Македонија била далеку, високо на север на земјите, а Македонците биле Борејци, а подалеку од нив Хиперборејци. Спротивно на ова Сенц (1910, 503) изнесува дека кеднос значи драг, грижлив, чесен, дар, мираз.

Во слободен превод, зборот македон би значел господар, домаќин, газда, богаташ, чорбаџија, додека Македонија била земја на господари и богаташи, односно мак-богата, земја.

Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

 

Историја

News image

Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин камен

СВЕДОШТВО ОД 1918-ТА ЗА КРУШЕВСКАТА РЕПУБЛИКА: Само седум борци ја преживеале битката на Мечкин каме...

Иселеници

News image

КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КАНАДА (11)

МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ХРИСТОФОР“ И ДУХОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО КРСТ...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (7)

ВЕТЕНАТА ЗЕМЈА ИЗРАЕЛ  ДЕНЕС

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (26)

ИЛИРИТЕ НА БАЛКАНОТ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.