|
|
ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (32) II ДЕЛ |
МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА Нештинската ада е на Дунав, кај селото Челарево, на 22 км од Нови Сад. Етимолошки потекнува од зборот Νεστος или Νεσσος, nestos или nesos-младо парче, пиле, гнездо. Според Хесиод (Теогонија, 341), Нест бил син на Океан и Тетија, Кентаур, поврзан со митот Херакле и Дејанира Големиот воен остров на устието на Сава и Дунав, е ада која во митологијата претставува персонификација на богот на војната, битките и воените беснеења на Ареј, син на Зевс и Хера. Етимолошки Ареј-Αρης потекнува од αρος, aros-несреќа, пропаст. Ареј е еден од дванаесетте олимписки богови и имал натприродна сила. Негова татковина била Тракија, каде престојувал најчесто. Заради тоа Тракијците во античко време се нарекувале и Ареови деца. Ареј како бог е персонификација на војната. Тој бил агресивен и не признавал никакви закони и правила, па заради тоа го мразеле не само луѓето, туку и боговите. Во Тројанската војна Ареј учествувал од страната на Тројанците за што говори и Хомер во „Илијада“ (II, 512 и понатаму). Ареј бил почитуван во Атика, каде атинските регрути му се обраќале при полагањето заклетва. Исто така, го почитувале на Крит, Пелопонез, Илирија, Скитија и Мала Азија. На големата кривина на Дунав, меѓу Белград и Панчево, постојат три ади и тоа: Ада Форконтумац, со размер околу 5 х 1,5 км, етимолошки е двочлена именка (првиот збор е Форкон, а другиот Тумац) персонификација на боговите Форкот, татко на Хесперидите и Електра. Ада Чаклиан (етим. Kakos – лош) е персонификација на митолошкото чудовиште Како кој ги украл герионовите говеда од Херакле. Ада Острово е најголема ада на Дунав и се наоѓа помеѓу Дунав, Морава и Млава. Има должина околу 20 км, а ширина околу 4 км. Од копното е одделена со два крака на Дунав, во кои се влеваат реките Млава (Стига) и Могила. Адата е населена. Според митологијата, најголемата ада е персонификација на богот на Подземјето, Хад, (`Αιδης, `Αδος, Hajdes, Hados), брат на Зевс (Δανθβιθσ). Таа се наоѓа таму каде што е подземниот тек на реките Стига, Кокит, Перифлегетом, (Пожаревачка или Могила) и Ахеронт (Batuša-бездна, провалија). Споменик на брегот на Дунав Ада Кале (Еритија) (етимолошки εpuw – привлекува и θεια-божество, т.е. Ερυθεια) е речен остров на Дунав во Ѓердапската Клисура и í припаѓа на Романија. Тој е долг 1780 м. и широк 500 м. До неодамна бил населено со околу 500 жители, турски доселеници од XV век. Благодарејќи на високите карпи на Ѓердап, климата била медитеранска и се одгледувале смокви, маслинки, бадеми, мандарини, портокали и др. Со изградбата на Ѓердапската хидроцентрала жителите биле иселени, а островот бил потопен. Називот на оваа ада потекнува од 1878 г., а се смета даке е со турско потекло и дека „ада“ значи остров, а „калех“ тврдина. Меѓутоа, спротивно на овие тврдења, ономастиката ада е од палеобалканска глосологија. Уште од античко време се знаело дека кој владее со овој остров ги држи клучевите на Дунав и дека тоа претставува дел од „Железните врати“ на Дунав. Во средниот век, за овој остров се грабале две поголеми империи: турската и австриската. Турците први изградиле тврдина во XV век, а потоа Австријците во XVII век изградиле помоќна тврдина под името „Каролина“. Во српската историја Ада Кале влегла во време на Првото српско востание, во 1804 г. По ослободувањето на Белград, водачот на востанието Караѓорѓе му наредил на Станое Главаш прочуените по зло белградски дахии да ги однесе на Ада Кале и таму да ги убијат. Островот Еритија и Герион се поврзани со митот за Херакле и тоа за неговиот десетти дел… Имено, на Херакле му било наредено од страна н а Еуристеја, господар на Микена, Тиринта и Мидеја, да го донесе на Пелопонез прочуеното Герионово стадо од Еритија, во близина на Океановата струја во Тартес. Богот Хелиј (`Ηλιος, персонификација на сонцето, светлото на денот, светлото на животот) му позајмил златна лаѓа, за во неа да дојде на островот на големиот џин. Кога стигнал до Еритија, песот Ортар јурнал кон него лаејќи. Херакле го убил песот и неговиот чувар Еуритион, но Хадовиот чувар на говедата го известил Герион. Господарот на островот го стасал Херакле на реката Антема (Аполодор, Библ. II, 5, 10). Ада Циганлија се наоѓа на устието на Сава и Дунав, кај Белград, со должина 5 км и ширина 300 м. Нејзината ономастика асоцира на ПГВ на зборот Ι`ιγαυτης, gigantes.Во Хомеровата „Илијада“ (VII,59) Гигантите биле џиновски народ, додека кај Хесиод тие биле синови на Геј. Според Аполодор (Библ. I, 6, 1), Гигантите ги родила Земја во тракиска Флегра (Пожаревац). Во митологијата Гигантите биле многу високи и страшни џинови, со долги коси, црни бради и змиести опашки наместо нозе. Во Теогонија, побеснетите Гиганти, гневни што Зевс (Дунав) ги затворил нивните браќа Титани во Тартар (Ѓердап), подготвиле завера и без опомена го нападнале Зевс. Нивниот бунт е опишан како гигантомахија. Во таа борба Гигантите дофатиле карпи и чамови факели кои ги фрлале на небото и ги загрозиле боговите на Олимп. Хера прорекла злобно дека ниеден од боговите не ќе биде способен да убие ниту еден од дваесет и четирите Гиганти, туку тоа ќе може да го стори само Херакле. Покрај Херакле учествувале Зевс, Атена, Хефест и други богови. Од натопената со крв земја, од Гигантите, настанале луѓе или разни отровни змии, животни и штетни билки. Гробовите на Гигантите биле поврзани со различни места, односно дека нивните тела лежат под некои планини, острови или карпи. Гигантомахијата била омилена тема и во сликарството од VI век пред Христа. Продолжува
Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ - ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН |