Среда, 02 Ноември 2022   
МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКОВНИ ОПШТИНИ И ЦРКВИ ВО ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА (23)

2kr2

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ(ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Организираното живеење кај Македонците во Западна Австралија, особено во градот Перт и околните места се јавило уште пред Втората светска војна, а на 18 септември 1941 година било формирано прогресивното македонско друштво “Единство”. Тоа развило жива дејност сред македонското иселеништво. Всушност, “Единство” од Перт и Друштвото “Нова Македонија” од Џералдтон и “Слобода” од Менџимап биле основа за Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС). Црковното живеење, пак, започна во следните македонски православни општини и цркви:

V. ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА 

1.Св. Никола во Перт (општината). 

Уште во 1960 година Македонците во Перт покренале иницијатива за формирање македонска црковна општина, а потоа било купено место со цел во почетокот да се изгради културен центар а потоа општина. Така, донесена е одлука истата зграда да биде наменета и за дом и за црква.

Во оваа општина како и во други македонски православни цркви за прв пат богослужба на мајчин македонски јазик отслужил тогашниот црковен мисионер протаставрофор Методи Гогов (подоцна поглаварот на МПЦ архиепископот Михаил.  Македонско-австралискиот културен центар, или општината, како што е позната е современа пространа и убава зграда. Во него има голема сала за над 500 луѓе во која се одржуваат игранки, веселби, забави, потоа има бифе, клуб и библиотека. На долниот кат е сместен духовниот храм, администрацијата и другите простории.

Свеченото осветување на општинската зграда Св. Никола било извршено на 6 април 1969 година од тогашниот австралиски архиереј митрополитот Кирил и дебарско-кическиот архиереј, митрополитот Методиј. Македонската општина е сопственик на спортски центар каде што има фудбалски и други терени и на дом кој е востав на спортскиот центар. Во состав на Општината работи фолклорно и фудбалско друштво, женска спортска екипа, женска секција, неделно училиште во кое се учи мајчин македонски јазик и историја, радио-час и информативни гласила.

2kr23

2.Св. Никола во Северен Перт (клубот). 

Поради подвоеност на македонските доселеници во Перт поголем број доселеници формирале нова црковна општина со исто име како и претходната – “Св. Никола”, нарекувајќи ја Обединета македонска општина.  Активностите на втората црковна општина во Перт започнале во 1977 година кога била купена една зграда во која се одржувале поголем број активности од црковен национален карактер. Оваа црква била осветена на 12 февруари 1978 година чие осветување го извршил поглаварот Доситеј и митрополитот Кирил.

Во состав на Црквата “Св. Никола”, која има изградено нов Македонски храм и Македонски центар, работи друштвото “Вардар”, КУД “Илинден”, радио-час, гласилото “Македонска мисла”, женската и други секции.

Исто така, во Перт постои друштво на Ромите од Македонија што го носи името “Пралипе” (Братство) во кое членуваат поголем број Роми од Република Македонија. Тие имаат радио-час на ромски и на македонски како и  неделно училиште  во кое се изучува ромскиот и македонскиот јазик како и историјата и географијата на Македонија.

Во Државата Западна Австралија во градот  Менџимап се доселиле првите дојденци во Австралија кои потекнуваат од егејскиот дел на Македонија. Во оваа заедница на 26 јануари 1989 година митрополитот Тимотеј го осветил Македонскиот центар. Тој е место каде Македонците ги продолжуваат јазикот, обичаите и  традициите донесени од Македонија.

3.Австралиско-македонска црковна епархија. 

Македонските православни црковни општини во Австралија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализација на своите активности црковните општини, пред с#, имаат добиено широка поддршка од Австалиската влада и од мајката – Светиклиментова православна црква во Македонија.

Со формирањето на црковните општини во Австралија, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на Македонците што живеат вон границите на Македонија. Македонските доселеници во Австралија, без разлика од кој дел на Македонија и со какви патни исправи се дојдени во новите средини, преку МПЦО добиваат документи што сведочат дека се Македонци, а со тоа стекнуваат право да избираат и да бидат избрани во црковно-општинските тела. Така, тие добиваат крштеници, венчаници и други документи кои се официјални и законски пред австралиската администрација.

Австралиско-македонската епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонските иселеници во Австралија, без разлика од кој дел на Македонија потекнуваат. Во почетокот Епархијата беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска и австралиска црковна епархија, кога во 1969 година за прв архиереј на Заедничката епархија беше избран митрополитот Кирил.

Од 16 ноември 1995 година за нов надлежен архиереј, Светиот синод го избра митрополитот Петар. Тој и понатаму е надлежен на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ како администратор, а се именува како митрополит Австралиски, што значеше оваа прекуокеанска епархија на МПЦ тој ја презема целосно со постојано место на живеење на петтиот континент.

Седиштето на оваа Епархија се наоѓа во Мелбурн, во државата Викторија, каде што постојано има архиерејски заменик. Прв и еден од најзначајните архиерејски заменици и мисионер на Австралија беше архиепископот Михаил. Австралиско-македонската црковна епархија одржувала епархиски собранија секоја втора година. Првото такво собрание било одржано во 1971 година.

Изборот на владиката Петар за митрополит австралиски се случи во периодот кога во иселеништвото во Австралија имаше силно превирање на национално, духовно и политичко поле. С# беше добро до времето кога се постави прашањето за сопственоста на имотот на македонските православни цркви и црковни општини и манастири во Австралија. Тогаш, за жал, Македонците на петтиот континент се поделија на две групи. Едната ги одобри и поддржа постапките на владиката Петар, за воспоставување целосна контрола врз имотот и средствата на црквите, како новина во имотно-правните односи кај Македонците во дијаспората.

Другата група, пак, формира своја асоцијација спротивна на владиката Петар, со цел да ги задржи имотите и црквите да бидат на членството, односно на народот, на верниците. Спорот с# уште трае и има несогледливи штети врз духовно-националното движење и финансиското опстојување на македонските православни цркви во Австралија и на Македонците во целина.

Со назначувањето за надлежен архиереј на митрополитот Петар името на Епархијата е променето во Австралиско-новозеландска и се настанати поголем број проблеми од црковно-национален, организационен и друг план. Во период од десеттина години митрополитот Петар формирал паралелно десетина македонски православни цркви.

Тие се: Митрополијата Австралиско-новозеландска, во Престон, Соборната црква “Пресвета Богородица” во Сиденхам, “Св. Христово Воскресение” во Карлтон, Македонскиот православен манастир “Св. Климент Охридски” во Роклин, “Св. Злата Мегленска” во Вериби, “Св. Петка” во Мил Парк, “Св. Јован Крстител” во Џилонг, Македонскиот православен центар “Св. Климент Охридски” во Порт Кембла, “Св. Петка” во Кембла Греинџ, Македонскиот православен центар “Св. Богородица” во Бризбен, “Св. Недела” во Голд Коуст, во Австралија и Црквата “Собор на македонските светители” во Окланд, во Нов Зеланд.

Продолжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.