Среда, 30 Ноември 2022   
МАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ВО САД (27)

1pove1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Во историјата за активностите на Македонците во САД е забележано дека нивните македонските православни цркви се најзначајните и најмасовните собиралишта на Македонците од сите делови на Македонија. Во тие македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Меѓу нив се следните македонски православни цркви:

4. Св. Кирил и Методиј во Бафало.

До 1968 година Македонците во овој град ги задоволувале своите верски потреби, главно, во други православни цркви, а пред с#, во српската православна црква Св. Стефан, во која и денес црквува одреден број македонски семејства. Меѓутоа, идејата за изградба на македонска православна црква се родила 1968 година кога во ноември истата година било донесено решение да се изгради македонски православен храм. 

Така, во март 1969 година била избрана првата црковна општина која одлучила да се гради македонска православна црква која ќе го носи името на сесловенските македонски просветители Св. Кирил и Методиј.

Потоа на 11 мај 1969 година црквата била регистрирана кај властите на државата Њујорк и било купено место од околу 5 хектари на кое на 24 мај 1975 година бил поставен камен-темелникот за новиот македонски храм. Црквата била завршена со изградбата на 7 септември 1975 година е осветена салата, а на 13 септември 1981 година била осветена и црквата. Денес, до црквата е изградена сала, парохиски дом, фудбалско игралиште и простор за одржување на пикници.

Црквата Св. Кирил и Методиј во Бафало е организатор на македонскиот етнички фестивал од 1990 година кој се одржува во рамките на црковната општина. Во состав на црквата со успех работи женската секција, фудбалскиот клуб “Балкан”, фолклорната група “Гоце Делчев”, неделното црковно училиште и хорот. Секоја година оваа црковна општина во соработка со Македонската православна црква во Сираќуз организира заеднички пикник.     

VI. ИЛИНОИС 

1.Св. Кирил и Методиј во Чикаго. 

Иницијатива за покренување на изградба на македонски-духовно културен дом што ќе служи на интересите на македонските доселеници од сите делови на Македонија бил покренат на 21 мај 1976 година. Притоа било одлучено името да го носи на   Св.  Кирил и Методиј со што општината била примена како дел од МПЦ со писмо на светиот архиерејски синод.

Потоа во 1978 година, во потесното градско подрачје на Чикаго управата купува зграда на една лутеранска црква што ја преуредила и приспособила за вршење православни богослужби. Една година подоцна, на 3 август 1981 година црквата била осветена во присуство на неколку стотици Македонци доселеници и градски власти.

Потоа, во 1985 година е купено место каде се поставени темели за новиот храм на 24 јули 1988 година.  Во состав на црквата е изградена  голема сала и други простории во кои се организираат голем број манифестации. Црквата Св. Кирил и Методиј била осветена на 30 август 1992 година од митрополитот Кирил. Во состав на црквата работи фудбалскиот тим “Македонија”, неделно училиште, женска секција и  КУД “Гоце Делчев”, едно од најдобрите и најуспешните македонски друштва во САД.

2. Св. Параскева - Петка во Чикаго.

Основањето на оваа втора македонска православна црква на просторот на Чикаго бил актуелизиран 1992 година. Иницијативниот одбор на 15 декември 1991 извршил потребни консултации со тогашниот поглавар на МПЦ г. Гаврил, при што била донесена одлука за формирање на македонска црква што ќе го носи името Св. Параскева – Петка. Потоа на 24 декември 1991 година, црквата била регистрирана пред власите на државата Илиноис, а на 20 август 1993 година светиот архиерејски синод на МПЦ ја примил оваа црковна општина под јуриздикција на МПЦ.

Од 9 август 1992 година богослужбите почнале да се одржуваат во објектот кој бил оспособен да служи како македонска православна црква. Притоа, особено била реновирана салата која може да прими околу 200 посетители. Во состав на црквата мошне активна е женската секција, играорната група и црковниот хор.

VII. КАЛИФОРНИЈА 

1.Св. Богородица во Лос Анџелес.

По обновувањето на охридската архиепископија Македонците во Лос Анџелес започнале да се организираат, меѓу другото, и на црковен план. Така обиди за организирање на национална основа биле правени уште во 60-тите години, особено преку “Македонското друштво”. Меѓутоа, таквите обиди биле завршувани со пропаганда и интриги од туѓинските православни цркви кои пуштиле длабоки корени и меѓу Македонците кои живеат на тие простори.

Привите позабележителни активности на црковен план во Калифорнија почнале со формирањето на македонско-американското друштво на 2 мај 1965 година. Подоцна во 1978 година, група македонски патриоти и верници успеале да се организираат во црковна општина која го носи името Св. Богородица и која била регистрирана пред американските власти. Така, на  9 јануари 1980 година  за прв пат била обслужена богослужба на мајчин македонски јазик, а црквата подпаднала под јуриздикција на МПЦ. Потоа, на 26 август 1985 година надлежниот архиереј ја одржал првата света литургија

Денес овој храм е центар на Македонците од Калифорнија во кој со успех работи играорната група “Фолклорни бисери” која била формирана во 1987 година, потоа активни се женската секција и македонското училиште.

1pove12

Црквата „Св. Димитрија“ во Јужна Флорида 

VIII. ПЕНСИЛВАНИЈА 

1.Св. Наум Охридско во Филаделфија.

Оваа црковна општина е основана на 22 февруари 1993 година кога бил формиран првиот основачки одбор на црквата. Во 1996 година членовите на црковната управа купиле место и објект кој бил адаптиран за црква во која биле поставени икони и иконостас. Чест гостина на црквата Св. Наум Охридско во Филаделфија била управата и одреден број членови на црквата Св. Кирил и Методиј во Сидер Гроув, како и играорната група “Гоце Делчев”.

Оваа црковна општина, меѓу другото, е организатор на традиционалниот пикник и на фудбалскиот турнир кои се одржуваат во периодот на празникот Св. Наум Охридски во месец јули.

IX. ФЛОРИДА 

1.Св. Димитриј во Мајами.

Оваа црковна општина е една од помладите што Македонците ја формирале во Мајами и претставува  место на собирање и другарување на доселениците од тие простори. Според историските податоци, пoчетоците за формиранјето на црквата Св. Димитрија запоцнаа со конституиранјето на “Македонскиот клуб” на Флорида, на Василица, на 14 јануари 1989 година. Таа забава останата е незаборавна како собир на другаруванје и  братска љубов на македонските доселеници во овие убави и топли краиста во Јузна Флорида. Потоа, на 15 август 1989 година е формирана македонската православна црквим „Свети Дитрија“ и регистрирана пред американските власти во Талахаси.

2. Св. Јован Крстител во Тапрон Спрингс.

Најново формираната македонска православна црква во САД е Св. Јован Крстител во Тапрон Спрингс во Флорида. Во неа членуваат бројни Македонци кои собираат средства за изградба на уште еден македонски храм во САД. Таа се наоѓа на западната страна на  Флорида кон Мексиканскиот галф. Македонската православна црква „Свети Јован Крстител“ е една од ново формираните македонски православни црква во САД. Во неа се собираат Македонци претежно од провинцијата Онтарио, Канада и северните делови на САД

Продолжува

1sla3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.