Среда, 06 Март 2013   
Во Канадскиот Парламент се формира Група за пријателство со Македонија

Can_Mac_Friendship_1Во организација на Амбасадата на Република Македонија и пратеници – пријатели на Македонија во Канадскиот парламент се основа Група за пријателство со Македонија.

Групата веќе брои дваесет члена, помеѓу кои се дел од најрепрезентативните имиња од сите партии во Канадскиот парламент. Македонската група за пријателство од самото формирање станува една од најпосетените, а на конститутивната седница присуствуваа Парламентарните секретари за меѓународна соработка, мултикултурализам и природни ресурси, сенатори, поранешни министри, и раководствата на Европско-канадската и Американско-канадската група во парламентот.
Can_Mac_Friendship_2

На 5ти Март 2013 година во Историската сала на Централниот Блок на Парламентот на Канада дваесет канадски пратеници ја формираа Парламентарната група за пријателство со Македонија.

Со конститутивната седница на Парламентраната група за Пријателство претседаваше досегашниот Претседател на Парламентарната група за НАТО во Парламентот и Претседател на Канадскиот Комитет за национални ресурси, Леон Беноа. При самото отворање на конститутивната седница, Беноа ги нагласи вкупните постигања и напори на Македонија, ставајќи значаен акцент на подготвеноста на Македонија за членство во НАТО алијансата и активната соработка на Амбасадата на Македонија со Комитетот за НАТО во парламентот. По воведното излагање претседавачот го повика со свое почесно обраќање Групата да ја поздрави и Амбасадорот на Република Македонија, Љубен Тевдовски.

Македонскиот амбасадор во своето петнаесетминутно обраќање во Канадскиот парламент се осврна во детаљи на пријателството и соработката на Канада и Македонија, презентирајќи го развојот и придонесот на македонската заедница во Канада, како за канадското општество, така и за придобивките на независноста и демократијата во современата Македонска држава. Амбасадорот Тевдовски им се заблагодари на сите присутни пратеници за нивното изразено пријателство и поддршка на Република Македонија, особено нагласувајќи ја улогата на Парламентарниот секретар за меѓународна соработка Лоис Браун, и пратеничката Александрин Латендрес, која ја промовираше иницијативата помеѓу франкофоните пратеници во парламентот.

По македонскиот амбасадор за збор се јави Дејвид Тилсон, претседателот на Групата за соработка со Европската Унија во канадскиот парламент. Авторитетниот Тилсон го изрази своето особено задоволство што учествува во работата на Македонската група, јавно го нагласи напредокот на Македонија и презеде обврска за личен ангажман во развојот на македонско-канадските односи.

На конститутивната седница, по изгласувањето на статутот на Групата, за нов претседавач беше избран Владислау Лизон, а поради голем интерес беа избрани дури три подпретседатели на групата од Конзервативната, Либералната и Новата Демократска партија. За прв подпретседател на Македонската група е избран Брајан Меси, кој во истовреме е и подпретседател на најмоќната групата за пријателство со САД во Канадскиот парламент. За втор подпретседател е избран еден од најавторитетните канадски пратеници, поранешниот министер за одбрана на Канада, повеќекратен министер и парламентарен секретар во повеќе ресори од опозициската Либерална партија, Џон МекКалам, а подпретседател од Конзервативната партија ќе биде Џеф Ватсон.

Во бордот на Македонската група во Канадскиот парламент влегоа и Парламентарниот секретар за Мултикултурализам, Чунгсен Ленг, подпретседателот на Канадскиот комитет за културно наследство и опозиционен спикер за култура, Скот Симс и Претседателот на Канадско-Украинската група во парламентот, Тед Опитц. Горниот дом на Парламентот, Канадскиот Сенат, во бордот на Македонската група за пријателство ќе го претставува еден од најискусните сенатори, поранешен министер и близок соработник на влијателните канадски Премиери Трудо и Кретјен, Сенаторот Дејвид Смит.

Македонците во Канада веќе започнаа да им пишуваат писма на благодарност на Пратениците - пријатели на Македонија, а Македонската Амбасада ги повика нашите сонародници да учествуваат во изградбата на групата и да ги информираат пратениците од своите општини за работата на Македонската група во парламентот.

MACEDONIAN UNITED PRESS
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

На прво место

News image

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат о...

Историја

News image

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на ...

Иселеници

News image

СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО БАРСЕЛОНА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА КАТАЛОНИЈА И ГРАДОТ НА ФУДБАЛОТ (6)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.