Понеделник, 18 Март 2013   
СОБРАНИЕТО НА АЛБАНИЈА ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО ПУСТЕЦ
pustecСобранието на Република Албанија со 120 гласа “за“, едногласно, го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец.

- Неправдата е исправена. Ова е историска придобивка на Македонците во Албанија и поттик за натамошно унапредување на положбата и правата на Македонците. Ние сме лојални граѓани на Република Албанија, таа е наша татковина, и оваа одлука на Собранието на Албанија е заслужена и долгоочекувана, - беше првата реакција на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој истовремено е претседател на Македонската партија во Албанија.

На седницата на Собранието на Република Албанија за време не донесувањето на Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, присуствуваа Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец и претседател на Македонската партија во Албанија и Васил Стерјовски, претседател на Унијата на млади сили на Македонската партија во Албанија.

Светскиот Македонски Конгрес упати искрени честитки за донесувањето на Законот за враќање на македонското име на општина Пустец и очекува на престојните парламентарни избори Македонците во Албанија, единствени и обединети, преку единствената Македонска партија во Албанија, да добијат пратеник во Собранието на Албанија.

 

На прво место

News image

Пазарџиската политика на СДС ја уништи економијата и осиромаши народот

  Пазарџиската политика на СДС ја уништи економијата и осиромаши народот, граѓаните добија п...

Историја

News image

Македонија од Цар Самоил до Османлиското владеење од 500 години

Македонија отсекогаш била желба на многу освојувачи, водени од желба за власт и војна. Востанија кои...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА РОДНАТА ЗЕМЈА НА СТИВ ПЉАКАС – ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Манастир „Свети Димитрија“ Велес е изградена во 14-от век

На околу два километри јужно од градот на самиот излез на Велес се наоѓа познатиот велешки манастир ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.