Среда, 20 Март 2013   
Анализа на систематската злоупотреба на правото на верска слобода во Грција

omdОбединетата македонска дијаспора (ОМД) го објави издавањето на својот нов извештај со наслов: Злоупотреба на правото на верската слобода во Грција - со акцент на случајот на македонската православна црква.  Во извештајот се истакнуваат примери на севкупната култура на злоупотреба на правото на верска слобода во грчкиот правен систем, искуството на имигрантите, турското малцинство во Тракија, како и случајот на македонската православна заедница во Егејска Македонија (северна Грција).

Во Грција не постои поделба на црква и држава, и член 3 од Уставот ја дефинира грчката православна црква како "главна религија" во целата држава. Според оваа дефиниција, членовите на грчкото православно свештенството се сметаат за државни службеници, а чинот на прозелитизам или кремирање е забранет. Самиот правен систем во Грција не дозволува верска слобода за други религии освен за припадниците на грчката православна црква. За ова сведочат големиот број на обвиненија против турските муфтии од Ксанти, кои обвиненија беа  ослободени пред Европскиот суд за човекови права.

Судбината на верниците на македонската православна црква во Грција е уште поочајна. Грчката влада веќе дваесет години го одбива барањето за дозвола да се изгради македонска православна црква во Аридеа (Соботско), а македонското малцинство во Грција секојдневно се соочува со комплексни процедурални казни. На пример, грчките свештеници одбиваат да крштеваат деца со македонски имиња, а лидерите на грчката православна црква, како што е Митрополитот Антимос од Солун јавно поттикнуваат насилство врз Македонците.  Свештениците, кои се вработени во јавниот сектор создаваат мрежа на информатори да координираат со државната полиција за да се потиснат сите човекови права на Македонците во земјата.

"Во согласност со меѓународното право, ОМД се надева дека Атина конечно ќе воспостави еднакви верски слободи за сите грчки државјани и жители. Членови на американскиот Конгрес, на Стејт департментот, како и членови на австралискиот, канадскиот и бројни европски парламенти ќе добијат копија од нашиот последен извештај, и ние ќе продолжиме гласно да зборуваме во име на безгласните вески малцинства во Грција", изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Претставникот на ОМД во Грција, Евгенија Нацилиду, додаде: "Додека грчката влада е зафатена со решавање на економската криза, во исто време во Грција има и социјална криза. За ова сведочи подемот на агресивната фашистичка политика во грчкиот Парламент, како и подемот на тактиките на заплашување. Некои од новосоздадените фашистички елементи тесно соработуваат со грчката православна црква. На грчкото општество му се заканува ксенофобија и нетолеранција, а ние во ОМД напорно работиме за подигање на свеста во Европа и во светот за социјалната ситуацијата во Грција."

За да го прочитате целиот извештај, кликнете ТУКА.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.