Историја

Соопштение за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона

nob-pom

nob-pom

Во пролетта на 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ територијата на Македонија ја подели на пет оперативни зони и изготви планови за активноста на партпзанските одреди. Воено-политичката активност во првата половина на 1943 година се карактеризира со формирање нови и бројно зголемување на постојните партизански одреди и во тој период дејствуваат Кичевско-мавровскиот, н Вториот кичевско-мавровски (Албанскиот) партизански одред; потоа, одредите „Дамјан Груев”, „Гоце Делчев”, „Добри Даскалов”, „Сава Михаилов”, Брегалничкиот, Кумановскиот, Скопскиот и Шарпланинскиот, а во Азот партизанската група, остаток од одредот „Димитар Влахов”.

Споменатите партизански одреди развиваат голема активност. Оружените борби опфатија поголем дел од Македонија, беа создадени неколку жаришта: Мавровско – Кичевско -Дебарца, Битолско – Преспанско, како и во реоиите иа плаииинте Кожуф п Козјак. Окупаторот во почетокот на 1943 година презема мерки за спречување на развојот на Народноослободителната борба. Воените акции на окупаторот во пролетта п летото на 1943 година – во реоните на Мавровско – Кичевско, Кожуф п Козјак – се завршија со неуспех.

Паѓањето на фашистичката влала во Италија (25. VII 1943) ја навести капитулацијата на Италија. Поради тоа, за да се исползува капитулацијата иа Италија, на Преспанскиот состанок на ЦК КПМ  (2 август 1943) е донесена оллука главните вооружени сили ла се сконцентрираат на терпторијата под италијанска окупација (Гостивар, Кичево, Дебар, Дебарца, Сгруга). Исто така, на Преспанскиот состанок било констатирано дека се создалеии услови воената организација да добие нов квалигет, односно да се создадат воени единици способни да дејствуваат на целата трриторија на Македонија, но и пошироко.

Во овој период во западна Македонија беа ослободени Мавровско. Кичевско и Дебарца, едновремено беше загрозен сообраќајот на комуникациите Гостивар – Дебар, Кичево – Струга. Се формираа нови партизански единици, во кои влегуваат и прогресивниот дел од албанскиот народ. Во почетокот на август 1943 година бил формиран мешовит Македонско – Албански одред.

Донесуваме дел од летокот што се однесува на формирањето и акциите иа 1-от мешан македонско-албански одред. Докуметот е без дата и потпис, но според содржината произлегува дека е од август 1943 година и е издаден од Штабот на 1-та оперативна зона. Во Соопштението за акциите и борбите на одредите од првата оперативна зона, меѓудругото стои напишано:

„ … Во разгрштајнето на воружената Народно-ослободителна борба на Македонскиот народ голем чекор е сторен што е во борбата искалено борбеното единство и братство на Македонското и Албанското население. Како корона на ова единство е формирането на смешаниот одред Македоно-Албански. Овој одред на 4. VIII си го здоби и својето крштеније.

Одредот напагја на карабинеријата при електричната централа во село Вруток (7 км. од Гостивар). После силниот напад на партизаните окупаторот е натеран на предавајне. Пленети се 1 маршал (подофицер – з.з.), 2 бригадира, и 5 карабинера, како и: 1 пушкомитралез, 7 пушки, 15 бомби, 7 револвера, чебиња, храни и разен друг материјал.

На 4.VIII. нападната е една колона на пат Маврово – Гостивар. Разбиени се 3 камиона и 1 блиндиран аутомобил со окупациони полицаји и војска. Бројот на убиени и ранети е голем.

… успешно изведени акцији одредот е удвоен со масовиот прилив на доброволци Македонци и Албанци.

Македонските и албанските партизани со вооружената борба против окупаторот го кој братството на Македонското и Албанското население. Во село Равен (арнаути) партизаните Македонци и Албанци носени се на раци от Арнаутите со извикувајне: „да живее братството на Македонците и Албанците.“ (АМ. – Ф. НОБ. К. 16, арх. ор. 717.)

Успешните акции и приливот на нови борци даваат нов квалитет на борбата на македонскиот народ за ослободување на земјата. Особено значајно е што на 18 август 1943, на Славеј Планина, Штабот на II оперативна зона го формира од одредот „Дамјан Груев” и од новопридојдените борци, Првиот баталјон „Мирче Ацев” – прва регуларна воена единица на македонскиот народ. Отпочнува процесот на создавање војска на македонскиот народ. Овој акт е од посебно значење за македонскиот народ. Создавањето на војска означува нов квалитет во воената организација и услов за понатамошно успешно водење на оружените борби, гаранција дека ќе се сочуваат придобивките што ќе се извојуваат во текот на востанието и револуцијата.

Излегувањето на Италија од војната суштествено се одрази на натамошниот развиток на ослободителната борба на територијата под италијанска окупација. Единиците од Првата и Втората оперативна зона ја разоружаа италијанската дивизија „Фиренца”; слободните територии се проширија во една која го опфати просторот од Буковиќ и Влајница (јужно од Гостивар) до теснината кај с. Ботун (северно од Охрид и Струга) со два слободни града Кичево и Дебар, а Германците воспоставија власт во Тетово и Струга.

Капитулацијата на Италија (9. IX 1943) го забрза процесот на формирањето нови воени единици, така што во текот на септември и октомври 1943 година во Македонија дејствуваа девет баталјони, шест партизански одреди и повеќе диверзантски групи.

Исто така, капитулацијата на Италија донесе промени и во квислиншката гарнитура во Албанија. Проиталијанската квислиншка влада беше сменета и заменета со прогерманска. Се променија и државните симболи на Албанија и официјалниот назив на државата: од Албанско Кралство во Држава Албанија; се објави паѓањето на дотогашната влада, а на нејзино место беше поставен Привремен комитет. На 23. IX 1943 година се избра регентски совет од 4 лица, а подоцна регентскиот совет за претседател на владата го постави Реџеп Митровица.

Размавот на ослободителното движење во 1943 година предизвика големо вриење сред албанските маси. Некои бајрактари по капитулацијата на Италија поведоа преговори со штабовите на НО војска за да се приклучат кон партизанските одреди, други се држеа неопределено да добијат во време, за да можат согласно со ситуацијата да се определат.

Резервираноста на албанските челници го користат Германците, кои поддржувани од реакционерните сили на западните држави, вршеа разновиден притисок (политички и поткуп со злато) врз бајрактарите со цел да ги оттргнат од влијанието на ослободителното движење, да ги мобилизираат и организираат за борба против НО движење. Некои од бајрактарите ја продолжија соработката со НО движење, други останаа неутрални, додека добар дел им даде поддршка на балистичките сили, а некои и минаа во нивните редови. Ова им даде поттик на Германците да обрнат посебно внимание на балистичките формации под раководство на Џемо и Мефаил. Тие ги вооружија и во нивните редови вклучија воени инструктори.

Во западна Македонија по капитулацијата на Италија, квислиншко-административниот и полицискиот апарат се распадна, чиновништвото ги напушти работните места, затворениците избегаа од затворите. Промената во Албанија по капитулацијата на Италија ја исползува бугарската влада, окупирајќи во Преспанско повеќе од 20 села, а германската врховна команда за западна Македонија создаде разни воени команди и доведе воени единици од составот на 21 планински корпус од Албанија.

(извор: Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988, стр. 338 – 341; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 484-485;)

Најново од: Историја

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Табела за пописот од 1956 година: Во Благоевградскиот округ се наведени 63,64 проценти Македонци

Во приложениот преглед Македонците се наведени како посебна национална категорија, со 63,64 проценти од населението во округот. Во околиите Сандански и Петрич нивното учество надминувало 80 проценти. Една фотографија од табела за националната структура на населението во Благоевградскиот округ отвора важно прашање за македонскиот идентитет во Пиринска Македонија: што покажуваат пописните податоци и зошто тие […]

Битката кај Тир и понудата на Дариј на својата ќерка Естер и 10.000 таланти

Надежите на Александар Македонски за лесна опсада на Тир не се осгварија, бидејќи Тирјанците продолжија да се бранат многу храбро. Но, одењето на тирјанската флота кон север и судирот со Киприотите заврши со нејзино целосно уништување. Co завршувањето на бедемот се покажа дека инженерците не го постигнаа саканиот ефект на силниот источен ѕид. Меѓутоа, бродовите […]

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците

Грчки историчари во 1992 г.: Гоце Делчев и Јане Сандански се бореа против Бугарите, Србите и против Грците, за македонската нација, за Македонија на Македонците. Грчка публикација сведочи за македонската национална посебност и за идеите на Гоце Делчев Во издание од 1992 година се разгледува развојот на македонското национално движење и се посочува разликата меѓу […]

1913 година – поделбата не го решила Македонското прашање

Балканските војни биле пресвртница за Македонија. По нив, нејзината територија била поделена меѓу балканските држави. Границите биле исцртани, но поделбата не го решила Македонското прашање. Секоја држава настојувала да ја оправда својата политика и преку толкување на минатото. Затоа борбата за територијата продолжила и како борба за историјата, јазикот и определувањето на населението. Чие е […]

To top