Среда, 31 Мај 2023   
500 „Вардарци“ трчаа пет часа во битката која ја спаси Србија!

vardarci

Во август 1913 година Македонија беше поделена меѓу Србија, Бугарија и Грција, а еден мал дел и припадна на новосоздадената држава Албанија. Година потоа, еден месец по атентатот врз австрискиот надвојводата Франц Фердинанд во Сараево (28.06.1914),  на 28 јули 1914 година со нападот на Австроунгарија врз Србија започна Првата светска војна. Со почетокот на војната Србија, Бугарија и Грција извршиле мобилизација на околу 200.000 луѓе од населението од Македонија. Во бугарската војска биле мобилизирани околу 120.000 луѓе, во грчката војска околу 20.000 и во српслата војска околу 50.000 Македонци.

Од почетокот на Првата светска војна во јули 1914 година, па се до влегувањето на Бугарија во војна во октомври 1915 година, српските власти во Вардарска Македонија регрутирале повеќе 50.000 луѓе во српската војска. Од нив околу 45.000 лица биле Македонци, а останатите биле Турци, Албанци и Евреи.  

На почетокот на војната, воените обврзници од Вардарска Македонија во поголем дел биле испраќани на фронтот во западна Србија, а еден дел биле испратени на Дунав, на северниот  фронт за да се борат против силите на Австро-Унгарија. По срамната поделба на Македонија, Македонците од Вардарска Македонија оваа војна не ја чуствувале како своја и на секој начин се обидувале да ја избегнат мобилизацијата, а некои на самиот фронт дезертирале, ги преминувале реките Дрина и Сава и се предавале на австроунгарските власти. 

Меѓутоа, дел од регрутираните Македонци, немајќи друг избор, активно се вклучиле во борбите, гледајќи како малубројни српски сили составени од третиот позив, на возраст од 38 до 45 година, се борат против многубројниот непријател. И покрај сите неправди на српските власти и српската вооружена пропаганда во Макенија, нивното воспитивање и чуство за правда не им дозволувало да им го свртат грбот и да ги остават “старците“ на цедило .  

Во тие моменти Македонеците, потомци на славните Илинденци, го покажуваат својот воинствен спартански дух и издржливост. 500 млади Македонци познати како „Вардарци“, како „300 Спартанци“,  трчаа пет часа со полна воена опрема за да стигнат во славната битка кај Смедерево, која ќе им помгне на српската армија да го избегне поразот.

Српските медиуми, опишувајќи го подвигот на младите војници од Македонија, кои согласно тогашната политика за непризнавање на македонскиот народ, ги нарекуваат „Вардарци“ од новоослободената Јужна Србија, ќе забележат:   

„Во есента 1914 година Австроунгарија со големи сили ја нападна Србија, па за да ја извојуваат прочената Колубарска победа било потребно чудо. Додека после Цер и во текот на борбата на Дрина, главнината на Австроунгарските сили  напаѓала од правец на Босна, 10.000 Австроунгарци тргнаа позади грб за да го зададат  кобниот удар. Тоа позади грб значело влез преку Дунав кај Смедерево, каде слабите гранични сили ги сочинуваа “третопозивци“, луѓе од 31 до 41 година на живот.  Бранители на Митровден, 9 ноември 1914 година, имало помалку од 3.000 . Биле слабо опремени и малубројни. Повикот за помош бил испратен на сите страни, меѓутоа поголема помош не можела да дојде, бидејќи сите важни сили биле упатени на Западната страна на земјата. 

А тогаш од селото Петка, одалечено 32 километри, мајорот Јован Наумовиќ тргнал со 500 младинци кои биле на воена обука. Тие момчиња „Вардарци“ од краевите штотуку ослободени во 1912 година од Османлиите, трчаа пет часа со полна воена опрема за да им помогнат на „старците“. Кога стигнаа состојбата била криточна. Непријателот се префрлил на нашиот брег, меѓутоа очај немаше. Храбриот мајор му предложил на командата нешто неостварливо. Неговиот план за чудо, со неверување бил прифатен.

Јован Наумовиќ излегол пред младите уморни „Вардарци“ и им рекол: Дојде моментот да им ја вратиме крвта на Шумадијците, кои ве ослободија по повеќевековно ропство од Турците . Дали сакаме?“. „Сакаме“, загрмеа како еден. И тогаш почна чудото. Со песна тргнаа на јуриш на бројниот и опремен непријател. Во јуриш тргнаа и „старците“.  Момчиња и „дедовци“ на професионалци.  Поголеми и посилни.

Покрај стотина загинати, Србската војска им нанеле десет пати повеќе губитоци! Покрај тоа, 2000 непријатели заробиле, а 4.000 протерале.

Во неделите кои следувале, со обезбеден грб, главнината на српската војска го извеала славниот маневар на планско повлекување и контраудари со кои ја добила Колубарската битка. Неа не би била да не беше дедото кај Смедерево, мајорот Наумовиќ и јуришот на неговите 500 „Вардарци“, кои трчаа пет сати во битката која ја спаси Србија.

Инаку, мајорот Јован Наумовиќ(1879 - 1945) кој ги предводел „Вардарците“, како млад потпоручник учествувал во заговорот против кралот Александар Обреновиќ, потоа учествувал во српската четничла акција во Македонија под псевдонимот Војвода Осоговски и станал член на организацијата „Црна рака“, која има за цел обединување на јужните славјански народи.  На почетокот на Првата светска војна, во август 1914 година бил поставен за командант на 2 баталјон на Вардарскиот пешадиски полк во состав на Браничевскиот одред, кој се пополнувал со луѓе од Вардарскиот дел на Македонија. Подоцна по завршувањето на Првата светска војна бил наименуван за жупан на Скопје(1928 - 1929)  и бил во штабот на командата на Третата армиска област старата југословенска кралска војска.

Интересен е уште еден момент од одбраната на Белград, во која гинат и Македонци. Имено српските медиуми пишуваат дека непосредно по завршувањето на Втората балканска војна, во „новоослободените јужни краеви (тука се мисли и на окупираната Вардарска Македонија) со дислоцирање на српската војска било создадено јадро за формирање на нови дивизии Вардарска (Скопје), Брегалничка (Штип) и Битолска (Битола). Меѓутоа, поради започнувањето на Првата светска војна бил прекинат овој план и делумно во текот на 1914 и првата половина на 1915 година биле формирани само Вардарската и делумно Брегалничката дивизија.

Во есента 1915 година, дел од мобилизираните Македонци учествувале и во одбраната на Белград. На почетокот на октомври 1915 година, под притисок на многу побројниот непријател, српските единици морале да се повлекуваат оставајќи ги своите загинати на бојното поле. Германците кои го зазеле Топчидер, Баново брдо и Дедиње, продолжиле према Авала. Во текот на овие борби покрај своите мртви, Германците ги погребивале и српските војници одавајќи им почест  на паднатите бранители.

По завземањето на Авала, на падината под стариот град Жрнов, Германците наишле на загинат стпски војник кој го погребале и поставиле дрвен крст  со германски натпис „Непознат српски војник“. По војната тука ќе биде изграден мал споменик, за подоцна во непосредна близина да биде подигнат гоемиот споменик на Иван Мештровиќ на  „Непознатиот српски војник“.

Сепак српската јавноста била заинтересирана кој војник бил тука погребан. Ексхумација на посмртните остатоци била извршена на 23. новембра 1921 године.На основа на анализата на черепот и коските можело само да се потврди дека се работи за маж на возраст до 20 години. 

Во недостаток на други докази, уште во 1921 година започнале шпекулации со идентитетот на погребаното лице. Се зборувало дека се работи за Боро П. од Белград или пак за Тодор В. Од Битола кој „дошол со младите кои го пополнувале 2 батаљон. Подоцна се шпекулирало и со други имиња кои потекнувале од Стара Србија, но самото спомнување на името на Тодор од Битола, преставува потврда дека Македонците ги оставала своите коски во одбрана Белград, во земјата која учествувала во 1913 година во распарчување на Македонија.

(извор:

https://www.blic.rs/riznica/cudesni-preci-trcali-pet-sati-da-stignu-u-malo-poznatu-bitku-koja-je-spasila-srbiju/87t0cb4;

http://www.politika.rs/scc/clanak/282969/%D0%97%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BC-%D1%98%D1%83%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D1%83)

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.