Среда, 04 Март 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (46)

 1 4

М-р Мартин Треневски е еден од активистите на ВМРО ДПМНЕ, кој својата кариера ја започнал како новинар (дописник на Танјуг), потоа станал министер (министер за информации, за  иселеништво), за да на крајот стане амбасадор (Шведска, Норвешка, Финска Естонија и НАТО и ген. Конзул во Канада). Тој учествувал во бројни иселенички манифестации, средби и разговори. За време на овие средби и активности за афирмација на македонското иселеништво тој се сретнал и станал близок пријател со Мане Јаковлевски за кого има високо мислење.

По осамостојувањето на Македонија, на 20 септември 1990 година, Мартин Треневски беше именуван за министер во Министерството за информации на првата влада на Република Македонија. Во тој период тој како државник имаше патувања и посета на иселенички организации и информативни гласила. Во  овој период за првпат ќе се сретнат двајцата патриоти Мане и Мартин, чија заедничка љубов кон татковината ќе прерасне во пријателство кое ќе трае до ден денешен.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, авторот Киро Кипровски ќе објави повеќе мислења на политичари, амбасадори и други видни личности за Мане, меѓу кое и од Мартин Треневски, во кое поранешниот амбасадор за својот пријател и неформален амбасадор на Македонците во Берлин ќе напише:

ПАТРИОТ ЗА ПРИМЕР

„Судбината не ни била многу благонаклонета на нас, Македонците, бидејќи не распосла по целиот свет, те од војните и етничкото чистење во минатото, те од немаштијата и соц- експериментите што ни ги наметнуваа по завршетокот на Втората светска војна од Белград, но и неправедната приватизација по осамостојувањето во 1991, те, те, те..... Многумина ги напуштаа родните огништа и со желба за авантура или подобар живот во туѓина...

Но, има нешто што кај голем број Македонци во туѓина остана длабоко и неизбришливо во нивните души: почитта и љубовта кон „стариот крај“, како што милуваат да го нарекуваат, т.е. кон татковината – родната Македонија.

Неброени се делата на патриотите, што ги имаат сторено за татковината, а и покрај сите небиднини дома, во Македонија, сеуште ги прават. Тешко може да се претстават и сите знаени и незнаени патриоти, кои ја задолжиле мајка Македонија на разни начини и со најразновидни дела! Еден од светлите ликови за пример, кој целиот живот го посвети на татковината Македонија е братот Манојил, попознат како Мане Јаковлевски, од с. Зубовце, гостиварско.

Роден и растен во високо-патриотско семејство, целосно посветено на татковината, Мане на 19 години ја напушта родната грутка и заминува во белиот свет, во Германија. Оттаму, од тогашниот Западен Берлин, Мане набргу постанува своевидна кула светилник за многу Македонци ширум светот, од каде зрачеше кристално јасен зрак: светлина за идејата за осамостојување на родната Македонија и конечно остварување на вековната желба за сопствена, независна држава Македонија, за која мечтаеја и животите ги дадоа генерации и генерации Македонци.

Култната кафеана „Ново Скопје“ на елитната авенија „Кудам“, во строгиот центар на Западен Берлин, со децении, до обединувањето на двете Германии, важеше за едно од најзначајните свратилишта на македонската патриотска емиграција, каде се излеваа и разменуваа мечтаењата за македонска слободна држава. Се разбира, главен промотор и конкретен поддржувач на тие случувања во Берлин, беше и остана нашиот Мане. Тој не штедеше ни средства ни напори да ја помага и промовира македонската идеја и свеста да се биде горд Македонец. Покрај гоштевањето на бројни патриоти, кои доаѓаа во „Ново Скопје“ на чашка разговор, што би се рекло, Мане многу бргу го сфати значењето на средствата за масовна комуникација. Горејќи од помислата, зашто помасовно мотивирање на Македонците во Западен Берлин и пошироко, формира, и тоа од свој џеб, со лични средства, своја телевизија „Македонски глас“ на македонски јазик, за ширење на вистината за Македонија.

Прв пат го сретнав Мане по референдумот за осамостојување на Македонија, на 8-ми септември и прогласувањето на независноста, кога тој Драган Богдановски и други неброени патриоти од дијаспората, дојдоа заедно да го прославиме тој историски чин. Контактите многу интензивно продолжија по „плишаниот“ државен удар, односно гласањето недоверба на владата на акад. Кљусев, зад што стоеја претседателот К. Глигоров, спикерот С. Андов, реформираните комунисти и други структури алчни за власт.

Кафеаната „Ново Скопје“ постана логистичка база за задгранична дејност, од каде ние, членовите во Комисијата за меѓународни односи на партијата ВМРО-ДПМНЕ ги започнувавме нашите кампањи ширум Германија. Мане секогаш беше тука за нас, спремен да помогне, нежалејќи време, ни свои лични средства за таа цел. Кога и да се најдев кај него, во Берлин, знаеше да ја искористи приликата и да закаже средба со некој германски политичар, со познатиот македонист, професорот Штефан Требст. Со еден збор, времето не ни поминуваше во гозби и уживање во специјалитетите од неговиот ресторан (што, додуша, секогаш ни беа на располагање), туку во работа, работа и работа. Правевме се за татковината Македонија, но и партијата ВМРО-ДПМНЕ на која двајцата и припаѓаме, а чиј еден од најзаслужните непосредни историски основачи е токму тој – Мане Јаковлевски, кого на шега го нарекував: „Највисок функционер на ВМРО-ДПМНЕ“, заради неговата височина (висок е скоро два метри).

Бројни се патешествијата и активностите за лобирање, што ги остваривме со Мане додека престојуваше во Германија, почнувајќи од Бон, каде некое време заседаваше владата на Германија, Хамбург, Минхен, Стразбург...... Но, едно секако ќе ни остане длабоко во сеќавањето: присуството на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на 85-тиот роденден на неговото царско височество д-р Ото фон Хабзбург, на 22 ноември 1995 година во манастирскиот комплекс Клостер Андекс, осумдесетина километри од Минхен (таму почива познатиот композитор Карл Орф, автор на ораториумот „Кармина Бурана“).

0001Плакета за Mане Јаковлески

Главната церемонија по тој повод се случуваше во една од поголемите сали на манастирскиот комплекс, што би се рекло исполнета „до дупка“, со членови од австриското и баварското благородништво, витези во пригодни одежди, индустријалци, млади во униформи од царското време на Хабзбурзите, медиуми. Меѓу нив, притиснати во гужвата, бевме и ние: акад. Никола Кљусев, Љубчо Георгиевски, д-рТ омислав Лукаров, Мане и јас. Кога дојде време за пригодните говори, во салата завладеа вистинска штама, а во средината се направи мал коридор, за да помине славеникот, д-р Ото фон Хабзбург. Притоа, неколкумина од нас се најдовме во најистурени позиции. Д-р фон Хабзбург не здогледа, ги крена високо обете раце и спонтано воскликна: „О, моите драги пријатели од Mакедонија се тука“, по што следеше срдечно ракување и тој продолжи кон говорницата. Сето ова, беше пропратено со сериозни погледи на чудење од присутните во стилот: „Кои се овие луѓе, на кои царот им посвети толку внимание?“.

Дружењето со царот продолжи и по официјалниот дел, со почесните говори. Некако спонтано, во еден миг, се најдовме заедно во една од салите со царот д-р Ото фон Хабзбург, сопругата Регина, синовите, надвојводите Карл и Георг со сопругите, ќерките Валбурга и Габриела и македонската делегација: Мане, Кљусев, Љубчо, Лукаров и јас, по што уследи сесија на заедничко фотографирање и срдечни разговори.

Контактите и соработката со Мане, стана уште поинтензивна по неговото враќање во татковината засекогаш по гурбетлукот во Германија и прерасна во искрено пријателство.

Виена, 29 серптември 2017 година “

https://drive.google.com/file/d/

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (57)

Голем број познати личности од јавниот живот говарат за ликот и делото на Мане Јаковлески. За неко...

Иселеници

News image

ПОЕТСКАТА ПРИКАЗНА ЗА РАДА КРСТЕВСКА – ВИДИНОВСКА (5)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ ...

Култура и туризам

News image

ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (5)

ВЕСТИТЕ ЗА КИРИЛ И МЕТОДИЈ СПОРЕД ИТАЛИЈАНСКАТА ЛЕГЕНДА

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (21)

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.